Радовиш

Промовирана книгата ,,Радовиш и Радовишко од памтивек до денес“

Промовирана книгата ,,Радовиш и Радовишко од памтивек до денес“,од авторот Оливер Бојаџиев, во ОНБ „Браќа Миладиновци“ – Радовиш, а по повод Светски ден на книгата и авторското право.

-Ова значајно дело е резултат на долгогодишна посветеност и истражувачка работа. Во книгата е претставена богатата историја на Радовиш и Радовишко, збогатена со архивски податоци, сведоштва и вредни записи што го поврзуваат минатото со сегашноста истакна авторoт Бојаџиев.

Авторот Оливер Бојаџиев, преку ова дело, остава траен белег во афирмацијата на локалната историја, традиција и културни вредности.

Промотор на книгата беше Игор Чапов, кој со својот стручен и аналитички пристап понуди продлабочен осврт на содржината и значењето на книгата.

Добредојде на присутните им посака и директорката на билиотеката Валентина Ристова која се осврна на значењето на Светскиот ден на книгата и авторското право, во чии рамки беше и самата промоција.

Во рамките на настанот беше поставена и изложба посветена на Радовиш, која преку визуелни елементи го долови духот, традицијата и културното богатство на нашиот град Радовиш.

Настанот беше дополнително збогатен со музичка илустрација, чиј настап внесе посебна емоција и уметничка димензија во целокупната преубава атмосфера.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago