Македонија

Филипче: Власта да се откаже од укинување техничка Влада или СДСМ ќе се повлече од работата за законот

Укинувањето на техничката Влада е автократки манир и нема да го прифатиме, таа не треба и не може да се укине, бидејќи е единствен гарант за спроведување на фер и демократски избори, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција во Собранието. Филипче посочи дека во состојба кога власта има целосна контрола врз судството, кога не се знае како се користат податоците од системот Сејф Сити, не семее да се случи укинување на техничката влада.

„Вакви автократски манири не се дозволени и нема да прифатиме. Да потсетам, тој закон беше донесен за изборите во 2016 година, но на барање на Христијан Мицковски законот беше вратен во 2018 година и така важеше на нивно барање и за парламентарните избори во 2020 година“, рече Филипче.


Притоа, Филипче додаде дека овој потег на владеење на владата на Мицкоски е еднаков на манирот на владеење од времето на Никола Груевски од 2006 до 2016 година и доколку власта не го повлече, пратеничката група на СДСМ и коалицијата ќе се повлече од работната група за работа на изборниот закон. 

„Власта овој закон мора го повлече, Пржинската Влада, којашто е единствен гарант во оваа форма во која што сега важи законот за спроведување на фер и демократски избори, мора да остане. Овој манир на владеење е еднаков на манирот на владеење од времето на Никола Груевски од 2006 до 2016 година. И затоа, доколку денеска овој закон помине на Комисија и власта продолжи да ја тера собраниската процедура, нашата пратеничка група се повлекува од работната група за работа на изборниот закон“, рече Филипе

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago