Connect with us

Македонија

КАДЕ ОДАТ ПАРИТЕ НА РИБОЛОВЦИТЕ?

Media Press

Објавено на

Почитувани колеги риболовци, пријатели и љубители на природата,

-Време е да ја погледнеме вистината во очи. Ги имаме официјалните податоци од јавен карактер добиени од МЗШВ и ДИЗ од 2024 за тоа колку државата собира од концесионерите, а на собрание колку МРФ од нас – обичните риболовци. Подгответе се за шок, реагираат од ФБ групата Ribolov vo Makedonija .

ПОРАЗИТЕЛНАТА РЕАЛНОСТ: Вкупниот приход во 2024 г. што државата го собрала од СИТЕ концесионери во Македонија изнесува само 41.576 евра.  Со овие пари, државата не може да купи ниту еден нов, квалитетен теренски џип за рибочуварската служба. Ниту еден! Дали со вака планираме да ги заштитиме нашите езера и реки од организиран рибокрадство?

Во објавениот пост во кој се прави анализа на уплатените средства од чланарина, се вели:

„МОЌТА НА РИБОЛОВЦИТЕ: Само преку чланарини (11.134 риболовци по 400 денари), ние сме собрале во МРФ за 2024 4.453.600,00 денари односно 72.416 евра.  Тоа е речиси ДВОЈНО ПОВЕЌЕ од сите концесионери заедно! Ние, со нашите скромни чланарини, сме поголем столб кој е сега без глас, угушен од сите бизнис-интереси на водите во Македонија.

РЕШЕНИЕТО ШТО НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА ГО ИГНОРИРА: Ако државната дозвола се намали од нереалните 9.000 на разумни 4.500 денари, и сите овие 11.134 риболовци извадат државна дозвола:  ДРЖАВАТА БИ ИНКАСИРАЛА 814.680 ЕВРА! (над 50 милиони денари).

Што значи ова во пракса? Наместо да се молиме за еден половен џип, со 814.000 евра годишно можеме да имаме:  30 НОВИ ТЕРЕНСКИ ВОЗИЛА на секој агол од државата.  Професионална и добро платена рибочуварска служба.  Масовно порибување кое ќе ги врати рибите во нашите води.

ПРАШАЊЕТО Е ЕДНОСТАВНО: Кому му одговара да се собираат „трошки“ од 41.000 евра, наместо сериозен буџет од 800.000 евра? Зошто се одржува систем кој ги брка риболовците, а им оди во прилог само на рибокрадците?“ стои во објавата.

Ribolov vo Makedonija – Fishing in Macedonia  

прикажи повеќе

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе