Македонија

Две лица лишени од слобода за семејно насилство во последното деноноќие

Две лица лишени од слобода за семејно насилство во последното деноноќие, вкупно пријавени четири настани

На 13.04.2026 во 21:25 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 35-годишен велешанец, постапувајќи по претходна пријава дека во домот и се заканувал на неговата 32-годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.04.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје 33-годишна жена пријави дека на 09.04.2026 во нејзиниот дом на подрачјето на Шуто Оризари била физички нападната од нејзиниот партнер И.Ф. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14.04.2026 во 01:30 часот во СВР Скопје 44-годишна жена пријави дека на 13.04.2026 околу 23:00 часот во скопско, била физички нападната од нејзиниот сопруг И.Ј.(42) од Скопје. Исто така И.Ј. пријави дека бил физички нападнат од С.А. и С.Т., роднини на неговата сопруга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.04.2026 во 12:00 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиja од слобода Н.И. (58) од Куманово, затоа што агресивно се однесувал и и се заканувал на неговата партнерка и членови од нејзиното семејство. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago