Регион

Сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога лишени од слобода 7 лица, 4 од Струмица

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со СВР Струмица, како и припадници на ЕБР и САЕ “Тигар”, во координација со јавен обвинител при ОЈО ГОКК спроведоа координирана полициска операција со цел сузбивање на организирана криминална група која делувала на повеќе локации на територијата на РС Македонија, инволвирана во организирање, набавка, продажба и пуштање во промет на наркотична дрога.

По преземените оперативно тактички мерки од страна на полициските службеници, од слобода се лишени седум лица, од кои четири од Струмица, две од Скопје и едно лице од Штип, а извршени се претреси на 15 локации на подрачје на Скопје, Струмица и Штип.

За време на спроведувањето на полициската акција, обезбедени се материјални докази, односно пронајдена е и одземена дрога, пиштол, рамка за пиштол и муниција, седум патнички моторни возила, седум телефонски апарати, како и поголем износ на парични средства.

Директорот на БЈБ, Александар Јанев е дециден дека борбата со нарко мафијата во Македонија ќе продолжи уште посилно!

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago