Македонија
Мицкоски: Македонскиот јазик е официјален јазик на целата територија
Објавено на
Од
Media Press
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека Законот за правична застапеност откако ги помина сите филтри и добри препорака од Венецијанска комисија за многу брзо ќе се најде во Собрание, додека во врска со забелешките за користењето на јазиците посочи дека никој нема против користење на друг јазик, но потсети дека официјален јазик на целата територија на земјава според Устав е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.
-Законот за правична застапеност очекувам набргу да се најде овде пред пратениците откако ги помина сите филтри вклучително и оној на Венецијанска комисија. Со препораките од Венецијанска комисија истиот ќе биде донесен во Парламент, поминат на Влада и се надевам дека ќе го поддржите. Но, уставен, а не неуставен како што вие односно коалицијата на која и припаѓате ги лажеше Албанците во Македонија повеќе од 20 години. Тоа е разликата помеѓу оваа влада и оваа коалиција и коалицијата која вие ја поддржувате, изјави премиерот Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Скендер Реџепи.
Во врска со користењети и познавање на јазиците, премиерот Мицкоски нагласи дека македонскиот јазик според Уставот е официјален јазик на целата територија и му посочи на пратеникот Реџепи дека како што се гледа не му требаат слушалки со превод за да го разбере, но ако ги користи таму има превод и на албански.
-Ниту еден јазик не ми пречи на светов и нема да ми пречи. Не знам зошто се вознемирувате, но според Уставот е дека официјален јазик на целата територија е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Има таму дополнувања во следниот член, понатаму дополнување за единиците за локална самоуправа каде повеќе од 20% има етнички заедници над таа бројка го користат својот јазик, има турска заедница, српска бошњачка, не ми пречи мене, слободно да си го користите албанскиот јазик, дури и се трудам и да го учам и научам. Колку повеќе јазици знам, толку побогат сум, потенцираше премиерот Мицкоски.
Премиерот Мицкоски се осврна и на настанот во Тетово при што потенцираше дека таков однос од страна на новинар кон министерката за образование е непристоен без разлика дали е на македонски или на албански јазик.
-Апсолутно никој нема против да го користите албанскиот јазик, ако сакате и на англиски зборувајте и на германски, француски. Никој нема против, но треба да се знае дека официјален јазик во оваа држава е македонскиот јазик и кирилското писмо и за меѓународна употреба е македонскиот јазик и кирилското писмо и така е според Уставот, изјави премиерот Мицкоски.
Поврзани содржини

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

