Македонија

Мицкоски: Македонскиот јазик е официјален јазик на целата територија

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека Законот за правична застапеност откако ги помина сите филтри и добри препорака од Венецијанска комисија за многу брзо ќе се најде во Собрание, додека во врска со забелешките за користењето на јазиците посочи дека никој нема против користење на друг јазик, но потсети дека официјален јазик на целата територија на земјава според Устав е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. 


-Законот за правична застапеност очекувам набргу да се најде овде пред пратениците откако ги помина сите филтри вклучително и оној на Венецијанска комисија. Со препораките од Венецијанска комисија истиот ќе биде донесен во Парламент, поминат на Влада и се надевам дека ќе го поддржите. Но, уставен, а не неуставен како што вие односно коалицијата на која и припаѓате ги лажеше Албанците во Македонија повеќе од 20 години. Тоа е разликата помеѓу оваа влада и оваа коалиција и коалицијата која вие ја поддржувате, изјави премиерот Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Скендер Реџепи. 


Во врска со користењети и познавање на јазиците, премиерот Мицкоски нагласи дека македонскиот јазик според Уставот е официјален јазик на целата територија и му посочи на пратеникот Реџепи дека како што се гледа не му требаат слушалки со превод за да го разбере, но ако ги користи таму има превод и на албански. 


-Ниту еден јазик не ми пречи на светов и нема да ми пречи. Не знам зошто се вознемирувате, но според Уставот е дека официјален јазик на целата територија е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Има таму дополнувања во следниот член, понатаму дополнување за единиците за локална самоуправа каде повеќе од 20% има етнички заедници над таа бројка го користат својот јазик, има турска заедница, српска бошњачка, не ми пречи мене, слободно да си го користите албанскиот јазик, дури и се трудам и да го учам и научам.  Колку повеќе јазици знам, толку побогат сум, потенцираше премиерот Мицкоски.
Премиерот Мицкоски се осврна и на настанот во Тетово при што потенцираше дека таков однос од страна на новинар кон министерката за образование е непристоен без разлика дали е на македонски или на албански јазик. 
-Апсолутно никој нема против да го користите албанскиот јазик, ако сакате  и на англиски зборувајте и на германски, француски.  Никој нема против, но треба да се знае дека официјален јазик во оваа држава е македонскиот јазик и кирилското писмо и за меѓународна употреба е македонскиот јазик и кирилското писмо и така е според Уставот, изјави премиерот Мицкоски.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago