На 29-ти
март во 02:00 часот се поместуваат стрелките за еден час нанапред, па така
времето во 02:00 часот, се смета како 03:00 часот, или наутро во 06 ќе се смета
како 07.
Со промената
на времето од зимно во летно сметање, некои од граѓаните се соочуваат и со
здравствени проблеми. Со поместувањето на времето во март, телото тешко се
приспособува на новиот ритам, што доведува до замор, недостаток на
концентрација и зголемен ризик од хронични болести.
Промените во
телесниот часовник може да доведат до проблеми со спиењето кои траат со недели,
а научните истражувања покажуваат дека постои зголемен ризик од срцеви и
мозочни удари веднаш по преминувањето на новото време. Покрај тоа, летното
сметање на времето е поврзано и со пораст на сообраќајните несреќи, особено во
утринските часови.
За да се
избегнат овие непријатни ситуации експертите советуваат.
Легнувајте
15 до 20 минути порано од вообичаено а будете се во исто време секое утро за да
помогнете во регулирањето на телесниот часовник. Изложете се на утринско сонце,
особено во првата недела од новото време. Прилагодете ги дневните рутини, како
што се времето за вечера или вежбање. Избегнувајте попладневни дремки, кофеин и
користењето на мобилни уреди навечер, бидејќи тие дополнително го одложуваат
циклусот на спиење.
Летното
сметање на времето завршува на 25 октомври 2026 година во 03:00 часот, со
поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад, односно времето од
03:00 часот се смета како 02:00 часот.