На 14.03.2026 во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 34 годишен жител и 29 годишна жителка на тоа село, постапувајќи по претходни пријави според кои 29 годишната жена најнапред пријавила дека во домот била нападната од нејзиниот 34 годишен сопруг, а потоа и сопругот пријавил дека бил нападнат од неговата сопруга. Лицата се задржани во Полициската станица Струмица и за настаните е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на истите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 14.03.2026 во 20:50 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода В.Ј.(47) од село Дедино, општина Конче. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксфаген“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал В.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1.60 промили алкохол во крвта. Запознаен е јавен обвинител од основното јавно обвинителство Радовиш, по чии насоки од лицето е земено крв и урина за анализа и истиот е ослободен. По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 15.03.2026 во 14:00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосницата од улиците „Ѓуро Салај“, „Цветан Димов“ и „Атанас Јанев“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со струмички регистарски ознаки, управуван од 16-годишен малолетник од Струмица и патничко возило „фолксваген“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Т.(24) од село Куклиш, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, а со телесни повреди се здобил 16-годишен сопатник на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
На 15.03.2026 во 22:20 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на некатегоризиран пат во Радовиш, Т.Ј.(19) од Радовиш, управувајќи мопед без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, а со телесни повреди се здобил и 14-годишен сопатник на мопедот, констатирани во Медицински центар Штип. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.
На 14.03.2026 година во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Е.У.(31) од село Ѓопчели, општина Дојран. Тој околу 21.50 часот во Богданци агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени задачи, а во еден момент и физички ги нападнал. Од преземените мерки е утврдено дека лицето е под дејство на алкохол, односно има 1.39 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во Полициската станица Гевгелија и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. Се преземаат мерки за целосно документирање на случајот, по што против Е.У. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 14.03.2026 во Полициската станица Струмица е пријавено дека настанал пожар во куќа сопственост на Н.М.(36) од село Градашорци, струмичко. Од страна на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
На 14.03.2026 во 21:45 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода В.Б.(52) од Богданци. Тој управувајќи патничко возило „опел“ на ветерен пат над Богданци, изгубил контрола и излетал надвор од патот. Од преземените мерки било утврдено дека Б.Б. возилото го управувал под дејство на алкохол, односно има 1.99 промили алкохол во крвта. Запознаен е јавен обвинител од основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки возилото е одземено. По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 15.03.2026 година во 03.48 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека на регионален пат 1105, пред Граничен премин „Дојран“ патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.А.(55) од Нов Дојран, излетал надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а повредите биле констатирани во Медицински центар Гевгелија. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото изврши екипа на Полициската станица Гевгелија.