Радовиш

Кривична пријава против правно и физичко лице од Радовиш за сторени повеќе кривични дела при постапка за јавна набавка и транспорт на огревно дрво

Наместо огревно дрво бука испорачале огревно дрво топола, дива круша, црница, евла и бука во училишта во населени места во радовишко.
СВР Струмица-ОВР Радовиш, до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против С.К.(43) од село Дедино, општина Конче, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство“, „злоупотреба на службената положба и овластување“, „посебни случаи на фалсификување исправи“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“ и против правен субјект од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство“, „посебни случаи на фалсификување исправи“ и „употреба на исправа со невистинита содржина.


С.К. и правното лице, чиј управител е, по претходно распишан оглас за јавна набавка од општина Радовиш и донесената одлука дека е најповолен понудувач за набавка на огревно дрво бука за потребите на основните училишта во општина Радовиш, свесно со неизвршување на обврските од договорот ги повредиле правилата на постапката со тоа што во подрачните училишта во с.Калаузлија, с.Коџалија, с.Ињево, с.Сулдурци и с.Покрајчево наместо огревно дрво бука со опсег на дијаметар 7-16 цм испорачале огревно дрво топола, дива круша, црница, евла и бука со дијаметар од 3-7 цм. На овој начин се стекнале со противправна имотна корист од 628.224 денари.


Исто така, испорачаното огревно дрво не било жигосано со жиг за жигосување на дрвни сортименти и немало испратница за превоз на дрвни сортименти за топола, дива круша, црница, евла и друго, што укажува на фактот дека е незаконски стекната. Пријавените изготвиле фиктивни испратници за основните училишта со тоа што во делот на вид на дрво и вид на сортимент на дрво внеле невистинити податоци во однос на видот на дрво и видот на дрвниот сортимент, додека во рубриката „одговорно лице“, С.К. се потпишал и покрај тоа што не бил овластен да ги потпише. Што се однесува пак до превозот на дрвата, С.К. го вршел со товарно возило на правното лице без да поседува лиценца за вршење на јавен превоз.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago