Connect with us

Македонија

НЗМ: На кој начин ќе добијат субвенции овоштарите и лозарите во период од садење до плодоносење на овошките

Media Press

Објавено на

Националната земјоделска мрежа јавно ги прашува надлежните од МЗШВ да ја објаснат новата методологија за добивање на субвенции.

„Поради сите овие аномалии упатуваме јавен повик до надлежните да се укине ова одлука и да се врши исплата по програмата за 2025 год со зголемување на буџетот за директни плаќања на 100 милиони евра за 2026 година плус 40 милиона евра за заостанати долгови од 2020 до 2025 и нивна неодложна и брза исплата кон земјоделците.  Субвенциите за тутун да си останат линеарно по 100 денари по кг предаден тутун“, велат од НЗМ од каде прашуваат. 

1. На кој начин ќе добијат субвенции овоштарите и лозарите во период од садење до плодоносење на овошките кога реално ќе може да се исполни определениот минимум од 30 % на предадено производство?

2. Во случај на елементарна непогода град суша мраз или болест како земјоделците ќе го исполнат условот за добивање субвенции и реално ќе бидат двојно обештетени?

3. Во услови на недефинирани минимално откупни цени кои се далеку под производните цени земјоделците се доведуваат во позиција на уцена за сопствениот производ?

4.Како ќе се исполни условот кога кај одредени земјоделски култури немаме воопшто организиран откуп?

Во ова прилика Националната земјоделска мрежа јавно укажува дека на средбата во Кавадарци во организација на МЗШВ каде се дефинираше програмата за директни плаќања не бевме поканети.

Истовремено добивме покана од страна на МЗШВ за втората средба во Скопје на која се презентираше програмата за директни плаќања која во тој момент беше усвоена со одлука на Влада и беше објавена во Службен весник на РМ.  Од наша страна беше одбиена поканата од причини што нашето присуство и присуството на сите други учесници беше само декор без никакво влијание околу програмата. Истовремено истиот ден во Прилеп НЗМ заедно со повеќе земјоделски здруженија и голем број на земјоделски производители одржа јавна трибина од која произлегоа јасни заклучоци. Програмата за директни плаќања не се прифаќа. Пред се поради уценувачките условување за стекнување право на субвенции. Скромниот буџет несразмерно спрема проектираниот национален буџет, неправилната распределба на средствата во одредени сектори.

Поради сите овие аномалии упатуваме јавен повик до надлежните да се укине ова одлука и да се врши исплата по програмата за 2025 год со зголемување на буџетот за директни плаќања на 100 милиони евра за 2026 година плус 40 милиона евра за заостанати долгови од 2020 до 2025 и нивна неодложна и брза исплата кон земјоделците.  Субвенциите за тутун да си останат линеарно по 100 денари по кг предаден тутун.

Националната земјоделска мрежа – претседател Ѓорги Ка

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе