Радовиш

Шпекулации или вистина?Поранешниот градоначалник на Радовиш, Ацо Ристов се откажува од стотици илјади евра годишно за членство во РКЕ

Шпекулации или вистина? На социјалните мрежи се појави информација дека поранешниот градоначалник на Радовиш, Ацо Ристов се откажува од својата команија која му носи стотици илјади евра годишно за членство во РКЕ.

Како што пишуваат некои медиуми, Ацо Ристов, поранешниот градоначалник на Радовиш од ВМРО-ДПМНЕ, ја пренел сопственоста на својата компанија за мали хидроцентрали, која му носела речиси 400.000 евра годишно, на нов сопственик.

Се претпоставува дека Ристов ова го прави бидејќи е кандидат за член на Регулаторната комисија за енергетика, која моментално е со непополнети позиции.

Телефонски го исконтактиравме за да ја потврдиме информацијата, но за жал не беше достапен.

Инаку Ацо Ристов беше градоначалник на Општина Радовиш од 2021 до 2025 година, од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Негова девиза беше, дека секој градоначалник треба да има само еден мандат од 5 години, доволни за да биде продуктивен и да ги реализира проектите кои ги понудил пред граѓаните. Потоа треба да дојде нов градоначалник со нови проекти и со нови сили. Ристов ќе биде запаметен како единствен градоначалник кој започнал три капитални проекти во неговиот мандат: Изградба на Градски пазар, целосна реконструкција на Соковната куќа, и целосна реконструкција на Центар за култура Ацо Караманов во Радовиш.

Ацо Ристов е сопственик на компанијата Алфа Инжинеринг која е основана во 2000 година. Неофицијално иако во текот на 2024 година приходите се намалиле, сепак Ристов остварил профит од речиси 400.000 евра на годишно ниво. Годината била завршена со 17 вработени. Компанијата на Ристов се занимава со изградба на мали хидроцентрали, далноводи, трафостаници и фотоволтаици.  Ристов е сопственик на три мали хидроцентрали.

Новите членови на РКЕ ќе бидат предложени во Собранието, каде ќе бидат и изгласани.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago