Радовиш

Потпишан МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА помеѓу ПЗ Радовишка Пчела – ,,RADA BEE,, од Радовиш и ПЗ Пчела Куманово

Потпишан МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА помеѓу пчеларско здружение ПЗ Радовишка Пчела – ,,RADA BEE,, од Радовиш и пчеларско здружение Пчела Куманово. Настанот се случи во саботата на 21 февруари во „Музејот на љубота и уметноста“ во Радовиш, на 2-то  годишното собрание на здружението Радовишка Пчела, на кое присуствува голем број пчелари од Радовиш и од Куманово

Претседателката на здружението Снежана Сарафимова Панчева ги информира присутните, дека на годишното собрание едногласно е донесена одлука за членство во ПФМ, каде што веќе членуваат повеќе здруженија. Здружението во Радовиш започнало со околу 20 пчелари, а сега има 28 пчелари, рече Панчева.

Бобан Стошевски, претседател на ПЗ Пчела од Куманово изјави дека со овој Меморандум соработката која веќе ја имаат само ќе се формализира.

Пчеларското здружени Пчела од Куманово има 131 член, со тенденција да расте. Минатата година произвеле 70 илјади килограми мед од кои околу 23 илјади килограми уште не е продаден“ рече Стошевски, за што препорачува до граѓаните дека медот не треба да се користи како лек туку секојденвно како дел од исхраната.

Тој потенцира дека пчеларите сами треба да се заштитуваат од нечесни пчелари и да ги пријавуваат оние кои имаат пример 100 пчелни семејства, а пријавиле 150 за субвеции. Тие вели Стошевски ги јадат парите на чесните пчелари.

Во ПФМ, каде што ќе членува радовишкото здружение, веќе членуваат: Пчеларско Здружение „Матица“ Скопје, Пчела Куманово, Пчеларско Здружение БРАТСТВО Прилеп, ПЗ.Мариовско Пелагониски Пчелари-Битола, Pcela Kriva Palanka, Пчеларско Здружение Охрид, Екокаммед Здружение– Македонска Каменица, ПЗ ОВЧЕПОЛСКО СОНЦЕ- Свети Николе, ЗГ МАКЕДОНСКА ПЧЕЛА -Негорци, ЈГПБР МЕДЕН ИСТОК-Кочани, ЗГ ПЧЕЛАР-Штип.

По потпишувањето на меморандумот, Igor Angelovski, од ПЗ Пчела од Куманово имаше своја презентација на тема: „ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЧЕЛНИ СЕМЕЈСТВА ОД СОПСТВЕНИ РЕСУРСИ“.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago