Струмица

Левица, Струмица: Годишниот план за вработување во ЈКП ” КОМУНАЛЕЦ” СТРУМИЦА за 2026

Годишниот план за вработување во  ЈКП ” КОМУНАЛЕЦ” СТРУМИЦА за 2026 е нерационален во планирањето на новите работни места, реагираат советниците од Левица во Советот на Општина Струмица.

„ЈКП “КОМУНАЛЕЦ” во моментов брои 351 вработен, од кои 48 се администрација, 277 се даватели на услуги и 26 помошно технички персонал. Со новиот годишен план е предвидено нови 310 работни места од кои 91 место во администрација, 176 даватели на услуги и 43 помошно технички персонал. Вкупниот износ за реализација на целосниот план за вработување изнесува околу 101.465.880 денари.

Планот не е во содејство со реалните потреби на претпријатието и е направен без функционална анализа зошто е потребно ваквото енормно зголемување на бројот на вработени. Главните забелешки во однос на планот за вработување од страна на советникот на Левица – Јасмина Пијанманова се: непропорционалното двојно зголемување на администрацијата и креирање на дизбаланс помеѓу бројот на вработени во администрацијата и во оператива, неефикасно трошење на буџетот на претпријатието кое и онака не е ликвидно и заобиколување на инвестициската компонента на претпријатието.

Раководството на претпријатието нерационалноста на планот ја бранеше со несоодветниот кадар што постои во самото претпријатие и лошото менаџирање на институцијата во однос на кадровската политика која се водела со години“, стои во реакцијата од Левица.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago