Демант на Директорот на ЈПКД „Комуналец„ Кире Синдраковски, по повод објавата на социјалните медиуми од страна на советничката Пијанманова.
„Советничката од Левица, Пијанманова чита, толкува како сака, но очигледно е дека не се разбира од управување и водење на претпријатие. Во Комуналец ниту има, ниту може да има дуплирање на бројот на вработени како што популистички тврдат од Левица.
За
појаснување до јавноста станува збор за голема квалитетна реорганизиција во
претпријатието бидејќи имаме пример каде има сметководител со основно
образование, компјутерски инженер одговорен за водовод и многу други примери
што сметам дека претпријатието го прават нефункционално.
Новиот годишен план за вработување ќе придонесе поголема функционалност на претпријатието без значително да се зголемува бројот на вработени“, вели Синдраковски кој директно и се обраќа и на советничката Пијанманова.
„Советничке, функционална анализа не е законски предуслов за донесување на годишен План за вработување, туку за донесување на нов Акт за систематизација.
Тврдењето за
масовни нови вработувања е целосно неточно и извадено од контекст. Суштината на
промената на планот не е квантитативно зголемување на кадарот, туку негова
квалитативна реорганизација.
Главниот
фокус на измените е корекција на претходни несоодветни вработувања и
пополнување на клучните позиции кои биле “резервирани’ за лица без
квалификации. Со новиот план се овозможува лицата кои се веќе дел од системот,
конечно да бидат правилно, законски распоредени, со што тврдењата за финансиско
оптоварување се неосновани.
Ако сметате дека е достоинствено пред се (а законско секако не е), лица со завршено средно или високо образование да имаат решение со основно образование, тогаш имате проблем со критериумите за почитувањето на личноста, интегритетот и достоинството на луѓето. Проблемот со „несоодветните вработувања” е наследен и е резултат на претходни долгогодишни пропусти кои сега се решаваат“, стои во деманот на директорот на ЈП Комуналец, Струмица.
Претходно Левица, Струмица, излезе со обвинувања дека годишниот план за вработување во ЈКП ” КОМУНАЛЕЦ” СТРУМИЦА за 2026 е нерационален во планирањето на новите работни места, што ќе доведе до неефикасно трошење на буџетот на претпријатието.