Македонија

Безбеден град патешествие… Шест дена за поднесување жалба против Сејф сити, возач сподели искуство

„Безбеден град патешествие… Со статус и објаснување на социјалните мрежи, Игор Јуруков возач кој добил казна преку Сејф сити, ја објасни постапката за поднесување жалба која му одзела шест дена само за прописно да ја поднесе жалбата. Не толку поради висината на казната, туку поради постигнување на правда.

Ден 1. Се движам во група од неколку возила по „Илинденска“ и сите во група намалуваме брзина поради црвено светло. Во тој момент, моторче шиба меѓу возила, и ете ти пристигнува SMS за пречекорување на брзина и казна од 15 евра(7,5). Радарот фактички ја бележи неговата брзина, додека OCR софтверот од камерата бара регистрација во радиусот на објектот што брза, и за беља тоа сум ти бил јас!!! (моторчињата нели немаат напред регистарски таблички…) С .. судбина.. нејсе, си викам ќе се жалам ништо страшно…

Ден 2. Одам на шалтер сејф-сити во МВР позади зградата на МТВ, ми кажува дечкото дека тука не е за жалби шалтер, треба да се обратам во Полициска Станица (П.С.).

Одам во П.С. со истиот муабет и копии од записникот и фотките што доаѓаат со него.. добивам инфо: за жалбите од СејфСити треба да одите во суд за прекршоци карши факултетите.

Одам во Суд, во една канцеларија преполна со плакари со некаква архива, љубезна службеничка ми објаснува што и како да пополнам во два примероци и да доставам кај нив на шалтер, арно ама проблем.. колата е службена(моја фирма) треба да дадам изјава во МВР дека јас сум возел…

Одам повторно во П.С. и барам да пополнам изјава, арно ама ми бараат патен налог или полномошно со печат и потпис..

Ден 3. Одам во П.С. со уредно спремни документи, службеното лице што ме прими да пополнам изјава пријателски ме советува да си ја платам казната додека е време за 50 % попуст, бидејќи како што тој заклучи, нема шанси сејф сити да згреши… изречно се противам ….и виде не виде, извади формулар за да го пополниме. Значи, сега треба да очекувам да стигне нов записник за „сторениот прекршок“ по SMS и е-меил, ама сега на мое име. ОК ќе чекам..

Ден 4. Чекам јас така 24 часа, нема нов SMS, нема меил.. одам во П.С. !! барам на портирница да се качам до шалтерот, не ми е допуштено, телефонски се комуницира од портирница до некој фактор „горе“ и повратно добивам дека треба деновиве треба да добијам по SMS, а не како што вчера сум разбрал – веднаш или најкасно утре…

Ден 5. Во меѓувреме одминува осмиот ден, ќе следи наплата од 15 евра или присилна наплата!!! Се упатувам повторно до П.С. инсистирам на портирница да се качам горе, ОК ме пушти дечкото.. таму се најде љубезен човек, едно 15 минути веројатно го бараше случајот, и ме извести дека е ставен на ред за процесирање.. верувам бидејќи бев упорен . И навистина, после два саати стигна нов записник на мое име, со нов датум од тој ден.

Ден 6. Одам со сите потребни документи во два примероци во прекршочен суд, на шалтер ми бараат ТРИ копии, мое образложение дека кажано ми е за ДВА, моето се разбира не помина.

Уште едно одење до судот, сега со три копии во рака, конечно на едната копија се удира печат и останува кај мене а другите две копии ги преземаат. Прашувам: Дали сега ќе биде стопирана штоперицата од 8 те дена?? „ништо не знам .. ништо не знам“ беше одговорот ..

Значи многу сум среќен што правдата ја доби првата разрешница!! Шест дена шетање по институции а некогаш и по неколку во истиот ден!!!!!

Се надевам судот ќе ангажира стручно лице од областа сообраќај, за него случајот ќе биде „гола вода“ ама за сејф сити сериозен проблем!!! За системското решение за вакви жалби ништо ново.. уште сме во минатиот век.. хартии, копии, шетање по шалтери.. Останете ми безбедни!, пишува тој.

Извор: https://www.facebook.com/igor.jurukov

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago