Македонија

Купишта отпад и нелегални градби една од причините за излевање на реките и поплави на домовите и нивите

Купишта пластичен отпад, градежен шут, дрвја, грмушки и разни отпадоци значително ги влошиле последиците од обилните дождови кои предизвикаа катастрофални поплави во неколку делови на земјата. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) посочуваат дека отпадот во речните корита спречил нормален проток на вода, што довело до излевање на реките и поплавување на домови и земјоделски површини. 

Покрај отпадот, нелегалните и самоволни градби во речните корита — често без одобрување и надвор од урбанистички планови — создаваат дополнителни пречки за протокот на водата. ЦУК потенцира дека редовно одржување на речните корита и соодветна регулација се од клучно значење за превенција од такви природни катастрофи, но дека овие активности често не се спроведуваат по планот. 

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) дејствува во координација со населението и со локалните сили за испумпување на поплавените површини, куќи и објекти по пријавите пристигнати на 112 (ЦУК), а и од директни пријави од општините

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago