Connect with us

Струмица

ЈПКД „Комуналец „ Струмица, со демант по повод објавата на социјалните медиуми од страна на советничката Пијанманова

Media Press

Објавено на

Демант на Директорот на ЈПКД „Комуналец„ Кире Синдраковски, по повод објавата на социјалните медиуми од страна на советничката Пијанманова.

„Советничката од Левица, Пијанманова чита, толкува како сака, но очигледно е дека не се разбира од управување и водење на претпријатие. Во Комуналец ниту има, ниту може да има дуплирање на бројот на вработени како што популистички тврдат од Левица.

За појаснување до јавноста станува збор за голема квалитетна реорганизиција во претпријатието бидејќи имаме пример каде има сметководител со основно образование, компјутерски инженер одговорен за водовод и многу други примери што сметам дека претпријатието го прават нефункционално.

Новиот годишен план за вработување ќе придонесе поголема функционалност на претпријатието без значително да се зголемува бројот на вработени“, вели Синдраковски кој директно и се обраќа и на советничката Пијанманова.

„Советничке, функционална анализа не е законски предуслов за донесување на годишен План за вработување, туку за донесување на нов Акт за систематизација.

Тврдењето за масовни нови вработувања е целосно неточно и извадено од контекст. Суштината на промената на планот не е квантитативно зголемување на кадарот, туку негова квалитативна реорганизација.

Главниот фокус на измените е корекција на претходни несоодветни вработувања и пополнување на клучните позиции кои биле “резервирани’ за лица без квалификации. Со новиот план се овозможува лицата кои се веќе дел од системот, конечно да бидат правилно, законски распоредени, со што тврдењата за финансиско оптоварување се неосновани.

Ако сметате дека е достоинствено пред се (а законско секако не е), лица со завршено средно или високо образование да имаат решение со основно образование, тогаш имате проблем со критериумите за почитувањето на личноста, интегритетот и достоинството на луѓето. Проблемот со „несоодветните вработувања” е наследен и е резултат на претходни долгогодишни пропусти кои сега се решаваат“, стои во деманот на директорот на ЈП Комуналец, Струмица.

Претходно Левица, Струмица, излезе со обвинувања дека годишниот план за вработување во  ЈКП ” КОМУНАЛЕЦ” СТРУМИЦА за 2026 е нерационален во планирањето на новите работни места, што ќе доведе до неефикасно трошење на буџетот на претпријатието.

Струмица

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

Media Press

Published

на

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО 15 ДЕКЕМВРИ 2026 ГОДИНА

Општина Струмица ги потсетува граѓаните, архитектите и сите заинтересирани учесници дека рокот за доставување идејни архитектонски решенија за реконструкција и урбан дизајн на Градскиот плоштад „Гоце Делчев“ е продолжен.

Предлозите можат да се достават најдоцна до 15 декември 2026 година, до 12 часот, по пошта или лично во архивата на Општината, канцеларија бр. 20. Конкурсот е јавно достапен на Електронскиот систем за јавни набавки (www.e-nabavki.gov.mk), каде заинтересираните можат да ја најдат целокупната документација.

Најдобрите идејни решенија ќе ги избира стручна жири-комисија.

Општина Струмица обезбеди парични награди во износ од 130.000 денари за првата, 60.000 денари за втората и 40.000 денари за третата награда.

Градскиот плоштад „Гоце Делчев“ последен пат беше целосно реконструиран во 2010 година. По повеќе од 15 години, Општината отвора нова можност за осмислување на неговиот изглед и содржина, со визија за поубав, пофункционален и попривлечен централен простор, место кое ќе одговори на потребите на граѓаните, ќе поттикнува дружење и ќе продолжи да биде срцето на јавниот и културниот живот во Струмица.

Со овој конкурс, Општина Струмица прави чекор кон ново урбано лице на градот, создадено со современи архитектонски идеи и визија за иднината.

Ги повикуваме сите заинтересирани да се вклучат и да го дадат својот придонес во обликувањето на новото лице на центарот на Струмица.

Прочитај повеќе

Струмица

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Media Press

Published

на

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година!

На денешната 18-та седница на Советот на Општина Струмица е усвоен Планот на програмите за развој за 2027 година, со кој се поставува основата за реализација на капиталните инвестиции во наредната година.

Усвоени беа и ребалансот на буџетот за 2026 година, извештајот за неговото извршување за третиот квартал, како и измените и дополнувањата на општинските програми.

Одговарајќи на советничките прашања, градоначалникот Петар Јанков ги образложи тековните и планираните проекти, финансиското работење и предизвиците со кои се соочува општината.

Општината постепено ја стабилизира финансиската состојба и создава услови за поинтензивна реализација на планираните активности.

На седницата се донесе и одлуки за унапредување на комуналните услуги, работењето на јавните претпријатија, урбанистичкото планирање и поддршка на граѓани на кои им е потребна парична помош.

,,Продолжуваме со одговорно управување, реално планирање и конкретни чекори за развој на Струмица“ – истакна градоначалникот Петар Јанков.

Прочитај повеќе

Струмица

Ново мултифункционално игралиште во Куклиш

Media Press

Published

на

НОВО ИГРАЛИШТЕ ЗА СПОРТОТ ВО КУКЛИШ: Завршена подлогата и поставени кошевите на новото мултифункционално игралиште

Љубителите на спортот и рекреацијата од населеното место Куклиш добиваат современо уреден спортски простор. Активностите за целосно уредување и модернизација на мултифункционалното спортско игралиште во ова населено место се во забрзана реализација, соопштија од Општина Струмица.

Според досегашните изведувачки работи, подлогата на игралиштето е успешно завршена, а веќе се монтирани и кошевите, со што проектот добива видлива завршна форма.

Проектот е замислен како мултифункционален спортски терен кој ќе овозможи практикување на повеќе спортови, со што ќе се создадат оптимални услови за спортски активности на младите, децата и сите рекреативци од Куклиш.

Оваа значајна инвестиција се реализира преку меѓусебна соработка и партнерство меѓу Општина Струмица и „Видеолотарија Касинос Австрија“. Овој заеднички потфат е дел од пошироката стратегија за унапредување на спортската инфраструктура и рамномерен развој на условите за спорт и рекреација во сите населени места низ општината.

Прочитај повеќе