Connect with us

Радовиш

Јавен повик за субвенционирање на физички лица – жители на Општина Радовиш за надоместување на дел од трошоците за купен велосипед

Media Press

Објавено на

Општина Радовиш објави ЈАВЕН ПОВИК за користење на финансиски средства од буџетот за 2026 година, за субвенционирање на физички лица – жители на Општина Радовиш за надоместување на дел од трошоците за купен велосипед согласно Програмата за Локален Економски Развој, на Општина Радовиш за 2026 година.

 Финансиските средства предвидени во Програмата за Локален Економски Развој oд Буџетот на Општина Радовиш за 2026 година ќе се доделуваат на физички лица – жители на Општина Радовиш по поднесено барање за субвенционирање на дел од трошоците по основ на купен велосипед. Право на користење на финансиски средства имаат физичките лица кои ќе набават-купат велосипед од минимум 20” (инчи) од денот на објавувањето на јавниот повик до денот на завршување на повикот и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипед. На барателот/физичкото лице ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавката/купувањето на велосипед во висина од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе  од 12.000,00 денари.

Јавниот повик трае 30 дена од денот на објавувањето. Јавниот повик ќе се реализира по принципот “Прв дојден, прв услужен“. Јавниот повик се преќинува доколку се утврди дека се исцрпени сите предвидени финансиски средства пред официјалниот истек на јавниот повик, при што Општина Радовиш ќе ја информира јавноста на својата веб страна и на огласната табла дека повикот се преќинува поради исцрпеност на предвидените финансиски средства и дека повеќе нема да се примаат барања за овој повик.

Потребна документација за аплицирање на повикот е:

  • Барање за субвенција (барањето со изјавите може да се подигнат во архивата на општина Радовиш или на веб страната на Општина Радовиш);
  • Фотокопија од важечка лична карта на барателот, како доказ дека е жител на Општина Радовиш;
  • Фотокопија од трансакциска сметка на барателот;
  • Доказ дека е извршено купување на велосипед и тоа: фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка, со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на јавниот повик, односно до денот на исцрпување на средствата по овој основ;
  • Изјава дека барателот нема искористено право на поврат на средства за набавка на велосипед на друг јавен повик од било кој извор во Р.С.Македонија и дека велосипедот нема да го оттуѓи за период од 2 (две) години;
  • Изјава за користење на лични податоци;

Рокот за поднесување на пријавите е 30 дена од објавувањето на јавниот повик сметано   од 05.02.2026 година а заклучно до 06.03.2026 година, секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот.

Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта или лично до архива на адреса:

Општина Радовиш  Бул.„Александар Македонски“ Бр.7, Радовиш . 

На пликот во горниот лев агол треба да стои: „Не отварај“, а во долниот десен агол: “Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на физички лица за купување на велосипед.“

Напомена: Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Доставените прилози не се враќаат.

Физичките лица/Барателите ќе бидат известени за резултатите во рок од  15 дена од денот на донесување на Решението за субвенционирање на физички лица-жители на општина Радовиш за купен велосипед.

Радовиш

Заврши Меѓународната трибина за архитектура и градителство во Радовиш

Media Press

Published

на

Повеќе од 70 студенти по архитектура и градежништво, мајстори и граѓани присуствуваа на предавањата и практичните вежби распоредени во текот на три дена.

На трибината уште еднаш беше отворено прашањето за аргументите и „оправданоста“ од  употребата на индустриски градежни материјали  при  реставрација и реконструкција   на спомениците на култура. 

Во тој контекст, пред студентите беа презентирани практични вежби на тема „Заборавени градителски системи“, преку кои учесниците имаа можност непосредно да се запознаат со традиционалните техники и начини на градење.

Центарот за културно наследство „С и К“ од Радовиш изразува јавна благодарност до наставните тимови на Факултетот за архитектура и дизајн при Американ Колеџ – Скопје и Архитектонскиот факултет при УКИМ – Скопје, кои со своето присуство и учество го збогатија овој значаен културно – едукативен настан. 

Трибината претставуваше можност за размена на знаења и искуства  меѓу студентите, стручните лица, мајсторите и граѓаните, за зачувување  и афирмација на традиционалните градителски системи. 

ЦКН „С и К“ – Радовиш
Георги А. Кочев, диа.

Прочитај повеќе

Радовиш

Радовиш домаќин на меѓународната трибина „КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО“

Media Press

Published

на

Од 1 до 3 октомври 2026 година, Радовиш ќе биде домаќин на Меѓународната трибина за архитектура и градителство „Културно наследство“, која ќе  обедини архитекти од пракса, универзитетските професори, историчари на уметност и уметници околу едно од најзначајните прашања на современото време – зачувување и афирмација на културното наследство. 

Во текот на тридневната програма, покрај стручните предавања и теоретската настава, ќе се реализираат и практични вежби посветени на традиционалните градителски системи, природните градежни материјали и традиционалните техники на градење.

На трибината се очекува учество на  имиња од земјата и странство, а свеченото отворање ќе биде збогатено со музичко-балетски перформанс и изложба на дела од еминентниот  македонски академски сликар Мирослав Миро Масин.

Покровител и организатор е Центарот за културно наследство „Самун и Каднка“, со поддршка од ALKONING – Софија – Претставништво Македонија, Кнауф Македонија и Општина Конче.

Традицијата и културното наследство како темел и иднина. 

Учесници 

– арх. Никола Кипровски – Белгија 

Архитектура и некои природни материјали 

– проф, др. Минас Бакалчев 

Хроника на една школа:

Архитектонска летна школа во манастирот Св. Јоаким осоговски, 1992 – 2017 

– проф. др. Донка Барџиева Трајковска 

Средновековните градителски системи и реставрацијата на византиските цркви 

– Во рамките на „Трибината за архитектурата во Радовиш“, својата поддршка  ја даваат студентите од трета година на Факултетот за Архитектура и Дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, со семестралниот проект „Градски хотел во Радовиш – ново обележје на градот“.

Тема: проектирање на Хотел како современо архитектонско обележје, втемелено во локалниот контекст, инспирирано од традицијата – насочено кон иднината. Преку студентските проектни решенија се отвора простор за критичко преиспитување на односот меѓу архитектурата, градскиот идентитет и современите развојни текови.

 Наставен тим:    проф. Виолета Бакалчев,

                               доц.  Бранислава Ѓорѓевиќ

                               доц.  Нина Карангелеска.

– арх. Викторија Митева

Ревитализација на централното градско подрачје во Радовиш – Магистерски студии – МИТ универзитет

– Проекција на документарен филм за југословенскиот архитект Богдан Богданович 

–  СПЕЦИЈАЛЕН СПОНЗОР  – АЛКОНИНГ – Софија, преставништво Скопје 

    арх. Ивана Цимешиќ

 –  Стаклени фасади како интеграција на современата архитектура во историски јадра. 

–   маш.инг. Славе Ѓоргиев – КНАУФ  Македонија 

    Аналогија помегу античките системи за греење, ладење и вентилација и современите системи на Кнауф. 

ПРАКТИЧНА НАСТАВА 

– Васила Трајковски – зограф и конзерватор  – средновековни градителски системи 

– арх. Ѓорги Ѓоргиев – Бугарија –  сводови, куполи и арки 

 – Дејан Спасович скулптор и градител  – заборавени градежни техники со глина, вар, тула, дрво и камен 

Организатор ЦКН Радовиш, селектор – арх. Георги А. Кочев 

Прочитај повеќе

Радовиш

Пронајдени и одземени дабови дрва по извршен претрес во домот на лице од радовишко Коџалија

Media Press

Published

на

На 10.09.2026 во 14:40 часот во с.Коџалија, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-Полициска станица Радовиш во координација со Шумска полиција и Шумско подрачно стопанство Радовиш, со судска наредба извршија претрес во домот на И.Д.(47) од село Коџалија.

При претресот биле пронајдени и одземени дабови дрва за кои не поседувал соодветна документација. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе