Ако легално работите или живеете во Норвешка, тогаш автоматски сте запишани во норвешката национална шема за здравствено осигурување. Неопходните здравствени трошоци што вклучуваат услуги за примарно и ментално здравје, како и болничка нега и одбрани лекови на рецепт, се покриваат од првиот месец на вработување.
Родителското отсуство на Норвешка е и флексибилно и дарежливо. Ако и мајката и таткото се вработени 6 од 10 месеци до раѓањето на нивното дете, тогаш и двајцата имаат право на платено родителско отсуство. Одредбите за родителско отсуство ѝ овозможуваат на мајката да избере родителско отсуство од 15 недели со 100 отсто од платата или 19 недели со 80 отсто од платата.
Таткото има
право на истото и може да го почне своето татковско отсуство откако
новороденчето ќе наполни 7 недели. Покрај тоа, постои заедничко време за
родителско отсуство што може да се подели помеѓу мајката и таткото според
одредени упатства.
Годишниот одмор што му е дозволен на еден вработен е пет недели. Многу е вообичаено за повеќето Норвежани да го искористат поголемиот дел од одморот во текот на јули.
Годишниот одмор во Норвешка обично се обезбедува од платата за годишен одмор на вработените. Оваа празнична плата е составена од 10,2 отсто од платите заработени во текот на секоја година и обично се зема од месечните плати и се исплаќа во јуни. Се смета дека вашиот работодавец штеди за вас. Можете да ја користите оваа плата за што сакате бидејќи тоа се ваши пари, но мора да земете одмор за да ги земете парите.
Норвешка има воспоставено голем број права за вработените со цел да им помогне да се грижат за своите семејства. Освен голем број платени денови за боледување што е дозволено да ги земат кога се болни, вработените имаат право и на 10-15 платени „омсоргсадер“, односно денови за грижа, кога им е болно детето. Ако сте самохран родител, имате право на 30 вакви дена за болно дете. Овие денови за нега се дозволени додека детето не наполни 12 години.
Ако работникот се отпушти, постои процес што мора да се следи пред да биде отпуштен. Работодавецот е должен да одржи состанок со работникот пред да биде донесена каква било одлука во врска со отказно решение. Исто така, работодавецот еден месец претходно мора да го извести работникот дека ќе му го раскине договорот. На пример, вработените имаат право на намалено работно време поради здравствени и социјални причини. Сите смени над 5,5 часа мора да имаат 30-минутна пауза. Освен тоа, вработените имаат право на додаток на плата од најмалку 40 отсто за прекувремена работа. Ноќните смени, работењето во недела и на верски.
Извор текст: https://www.fakulteti.mk/news/19102020/