Радовиш

Вандалско однесување на група повозрасни деца, тинејџери кои насилно влегле во ДГ „Ацо Караманов“ во Радовиш

ЈОУДГ „Ацо Караманов“ – Радовиш, објект „Цветови“, ја информира јавноста дека во изминатиот период повторно се соочуваме со недозволено влегување на лица (повозрасни деца/тинејџери) во просториите на објектот во време кога истиот не работи.

Утрово во објектот беше затекната отворена врата од детскиот тоалет, при што е констатирана материјална штета – скршен мијалник, скршени ролетни…Предходните настани се евидентирани и пријавени до надлежните институции, така и овој ќе биде.

Објектот располага со видео надзор согласно законските прописи. Снимките ќе бидат доставени до надлежните органи со цел утврдување на сторителите, по што ќе бидат преземени соодветни законски мерки за надомест на причинетата штета.

Ова не е изолиран случај. Во повеќе наврати е забележано недозволено влегување и несоодветно однесување во просториите на градинката, што претставува сериозен ризик за безбедноста и имотот на установата.

Апелираме до родителите и граѓаните да разговараат со своите деца за почитување на јавниот имот и заштита на институциите кои се наменети за згрижување и воспитување на најмалите.

ЈОУДГ „Ацо Караманов“ – Радовиш ќе продолжи да презема сите неопходни мерки за заштита на објектите и безбедноста на децата.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago