Струмица

Струмица му се поклони на најголемиот македонски револуционер, Гоце Делчев

Струмица и на овој 4-ти февруари му се поклони на најголемиот македонски револуционер, Гоце Делчев и чествуваше во негова чест.

Пред неговиот споменик на градскиот плоштад којшто го носи неговото име, беше изведена пригодна програма на која со посебна почит за животот и делото на Гоце Делчев зборуваше градоначалникот, Петар Јанков.-Гоце Делчев беше визионер, мислител и човек со длабока вера во иднината на својот народ. Во време на темнина и неправда, тој гледаше светлина. Во време на страв, тој внесуваше храброст, а во време на поделби, тој повикуваше на единство.

Неговата позната мисла „Го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите“ и денес потсетува дека вистинската сила на еден народ е во знаењето, во достоинството и во меѓусебната почит. Гоце, веруваше во слободна Македонија и во човечноста како највисока вредност. Струмица како град на историја, традиција и слободен дух, со особена чест се поклонува пред неговото дело. Нашата Струмица била сведок на чекорите на револуционерите, на нивната жртва и на нивната непоколеблива верба во подобро утре. Затоа, споменот на Гоце Делчев е жив дел од нашиот идентитет. Нашата обврска денес не е само да се сеќаваме, туку да продолжиме по патот којшто тој го трасираше, да градиме општество на еднаквост, на можности, на напредок и на соживот. Да им оставиме на младите генерации држава во која ќе можат да сонуваат, да создаваат и да живеат достоинствено. Нека ни бидат пример неговата решителност, неговата жртва и безгранична љубов кон Македонија. Денес гордо му оддаваме чест на Гоце Делчев. Вечна слава на великанот, рече градоначалникот Јанков.

Во негово име и во името на општина Струмица, тој положи свежо цвеќе пред споменикот на Делчев, а тоа го направија и претставници на институции, политички партии, здруженија и граѓани.

Во чест на Денот на раѓањето на Гоце Делчев, поезија рецитираа ученици од ООУ „Гоце Делчев“ од Вељуса.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago