Македонија

СДСМ: 5 тони дрога поминале низ Македонија – кој ќе одговара за картелскиот скандал?

„Во соседна Србија е запленета огромна количина од 5 тони дрога, која дошла преку Македонија. Меѓу уапсените има и ко-сопственик на македонска фирма.
Ова е огромен, криминален, картелски скандал за кој мора да има одговорност“, реагираат од СДСМ.


„Клучното прашање на кое власта мора веднаш да одговори е: Како 5 тони дрога поминале преку македонската граница?
Кој дозволил 5 тони дрога да се прошверцува?
Без поддршка и заштита од структури во власта, криминал од вакви размери не може да се случи.
Ова не е инцидент – ова е систем.
Како е можно во држава со Сејф Сити, со камери и скенери на граничните премини да поминат 5 тони дрога?
Или ова е толку добро организирана картелска мрежа поврзана со сѐ и никој ништо не ѝ може?
Уште колку вакви пратки, уште колку тони дрога се пренесени преку македонските граници без да бидат откриени?вели на прес конференција Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ.

Тој прашува: Дали 5 тони дрога се доволни за Обвинителството конечно да реагира?
Ќе покрене ли истрага за овој случај или повторно гласот не допира за скандалите и криминалот на власта?

Извор: https://www.youtube.com/watch?v=H-zwMWVk5fA


Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago