Струмица

Општина Струмица ја одржа манифестацијата за избор на најдобри спортисти, тренери и спортски екипи за 2025 година

По 63-ти пат се одржа традиционалната манифестација на која се избраа најдобрите спортисти, тренери и спортски екипи за 2025 година во Општина Струмица.

Манифестацијата се одржа под покровителство на градоначалникот Петар Јанков и Советот на општина Струмица, а во техничка организација на Општински сојуз на училишен спорт на Струмица, во хотелот „Сириус“.

Градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков, ги поздрави сите учесници во годинашниот избор, на најдобрите им честиташе за постигнатите успеси и на дел од нив им ги врачи наградите.

-Струмица е град кој дал големи спортски имиња. Нашата мисија е да создадеме услови идните генерации да бидат нивни достојни наследници. Во изминатите неколку месеци од мојот мандат, направивме конкретни чекори во таа насока. Изградено е повеќенаменско спортско игралиште во дворот на гимназијата „Јане Сандански“, простор кој веќе го користат младите и кој претставува уште еден доказ за нашата посветеност кон спортот. Во иднина ќе продолжиме со вложувања во нови спортски простори и во унапредување на постојните, со цел спортот да биде достапен за сите. И за младите и за повозрасните генерации. И за рекреативците и за професионалците, рече меѓу другото, градоначалникот Јанков.

Изборот и прогласувањето на најдобрите и најуспешни спортисти, спортски екипи и тренери беше поделено во две главни категории – екипен спорт и индивидуален спорт и една подкатегорија – спортска надеж.

За спортист на годината во индивидуален спорт е прогласен Петер Велков од КБК К1 АРЕНА. Спортист на годината во екипен спорт во женска конкуренција е Софија Пандева од ОК „Наковски Волеј“, спортист на годината во екипен спорт во машка конкуренција е Филип Маџунков од ОК „Струмица 47&72“.

Катја Поп- Николова од ШК „Цареви Кули“ и Филип Пасков од КК „Шихан“ се прогласени за најдобри млади спортисти на Струмица за 2025 година во индивидуалниот спорт. Ивана Милева од ОК „Наковски Волеј“ е прогласена за најдобар млад спортист во женска конкуренција, Јован Милев од ОК „Струмица“ во машка конкуренција.

Сениорските состави на ОК „Струмица“ и КБК Тим Зоран избрани за најдобри екипи на Струмица за 2025 во екипна и индивидуална конкуренција. За најдобра екипа во младинска категорија е избран ФК „Академија Пандев Брера“(пионери).

На вечерашниот спортски избор, за најдобар тренер во индивидуален спорт е прогласен Зоран Спасов од КБК Тим Зоран, а во екипен спорт најдобар тренер е Александар Митев од ОК „Наковски Волеј“. Најдобар тренер во младинска категорија – индивидуален спорт е Атанас Василев од КК „Шихан“, а во екипниот спорт Мартин Алаѓозовски од ФК „Академија Пандев Брера АД“.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago