Василево

Општинските служби се активираа на терен. Во општина Василево се чисти речното корито пред влезот на Пиперево

Последните поплави во струмичко ги поттикнаа општинските служби да ги исчистат речните корита и каналите. Во општина Василево се чисти речното корито пред влезот на Пиперево

 Општина Василево во соработка со подружница АД „Водостопанство“-Струмица , спроведува активности на чистење на речното корито пред влезот во населеното место Пиперево, со цел спречување на излевање на реката, вели градоначалникот Славе Андонов кој беше на лице место, заедно со директорот на подружница АД „Водостопанство“, Струмица, Томе Спасов.


„По обилните врнежи од дожд кои деновиве го зафатија регионот,се зголеми ризикот од излевање на реката пред населеното место Пиперево. На лице место, заедно со директорот на подружницата „Струмичко поле“ при АД Водостопанство, Томе Спасов , извршивме увид и ги лоциравме најкритичните точки со цел навремена и ефикасна интервенција и што поскоро санирање на состојбата“,вели градоначалникот Андонов, кој изразува благодарност за брзата интервенција на терен и најавува продолжување на  активностите согласно утврдената состојба.

 „Благодарност до екипите на АД „Водостопанство“ за брзата реакција и ангажманот на терен. Остануваме присутни и целосно посветени сѐ до целосно решавање на проблемот“, стои во објавата на градоначалникот Андонов.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago