Connect with us

Македонија

Мицкоски: Целта на синдикатите не е покачување на платите, туку политичка пресметка

Media Press

Објавено на

Секој има право да протестира, вели Христијан Мицкоски претседател на Владата во тв интервју, за најавените протести на дел од синдикалните организации.

Премиерот Мицкоски посочи дека тој нема ништо против повисоки примања, но смета дека целта на синдикатите е политичка пресметка, а не повисоки плати за работниците.

Ги видов барањата, тоа не е нешто кое што е ново. Апсолутно јас сум секогаш за повисоки примања. Секој треба да добие повисоки примања, тука нема дилема ниту пак некој има спротивно мислење, но тоа кое што треба да се каже и да се погледне на вистината во очи е фактот дека неколкумина кој што се дел од водството на овој синдикат се апсолутно заробени од страна на одредени политички амбиции и политички фигури. И сето ова кое што таму го прават има таква задача, таква цел. Не е целта тука хумана, па сега они излегуваат и повикуваат на протести за да еве работниците добијат повисоки плати, туку напротив.

На прашањето дали смета дека утрешниот повик за протест на ССМ има политичка позадина, Мицкоски рече:

Апсолутно, зар некој треба да има дилема на протест на синдикатите кој што е најавуван пред неколку недели, а се случува неколку дена по одржувањето на Конгрес на една политичка партија. Мислам дека тука не треба никој да има дилема.

Мицкоски, вели дека раководството на ССМ смета дека со ваквиот начин ќе направат штета на Владата, но како што рече не станува збор за повисоки плати, туку станува збор за синдикално барање кое е заробено од политиката и одредени политичари од опозицијата.

Тие сметат дека на овој начин ќе нанесат штета на Владата. Не е суштината повисоката плата на работниците, туку мислат дека ќе нанесат штета, бидејќи нивното претседателствување и начин на функционирање во синдикатот е од фамилијарна низа, еден на друг се пренесуваат. Еве погледнете да речеме родителите на дел од раководството на ССМ, каде биле порано претседатели, на кои синдикати, ќе ви стане јасно како функционира таа структура. Така што, апсолутно не станува збор за никакви права на работниците, не станува збор за  било што кое што е поврзано со повисоки плати на работниците, туку станува збор за синдикално барање кое е заробено од политиката и одредени политичари од опозицијата, дециден е Мицкоски.

прикажи повеќе

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе