Регион

Пронајдена дрога, лишени од слобода две лица од валандовско и едно од Богданци

На 05.01.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода К.А.(34) и И.М.(34), двајцата од село Марвинци, валандовско. При преглед кај нив, кај К.А. пронајдени се неколку пакувања со амфетамин. Лицата се задржани во Полициска станица и на 06.01.2026 врз основа на судски наредби, извршени се претреси во нивните домови во с. Марвинци, при што при претрес во домот на К.А. пронајдени се три поголеми пакувања со амфетамин и две дигитални ваги. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки лицата се задржани во Полициската станица Валандово и во текот на денот против нив ќе бидат поднесени кривични пријави.

На 05.01.2026 во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Т.П.(39) од Богданци. При преглед на мопед со гевгелиски регистарски ознаки, кој го управувал Т.П., е пронајдена марихуана. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago