Регион

Лишени од слобода возачи Струмица и Радовиш, управувале возила под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената

На 04.01.2026 во 04:20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода П.Т.(27) од с.Добрејци, струмичко. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „киа“, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,70 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

На 04.01.2026 во 01:45 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода К.Р.(56) од с.Нова Маала, општина Василево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,61 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

На 04.01.2026 во 14:28 часот во Струмица, полициски службеници го лишија од слобода С.Б.(27) од Италија. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „ренџ ровер“ со италијански национални ознаки со брзина од 124 километри на час во населено место каде што максимално дозволена брзина е ограничена на 50 километри на час. На 04.01.2026 во 13:13 часот на магистрален пат А-4, на паркинг-Дукатино, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишија од слобода В.М.(43) од с.Дабиле, струмичко. При контрола со радар било констатирано дека управувал патничко возило „фолкваген артеон“ со италијански национални ознаки со брзина од 168 километри на час на место, каде максимално дозволена брзина со сообраќаен знак е ограничена на 80 километри на час.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago