Македонија
Николовски: Царината, двигател на економскиот раст: раст на наплатата на приходи, компаниите царинат за пократко време – воведени напредни ИТ системи
Објавено на
Од
Media Press
Позитивните резултати во наплатата на приходи и оперативното работење, скратените царински постапки со имплементација на нови технолошко напредни ИТ системи, како и унапредената меѓународна соработка со царинските служби од Западен Балкан и ЕУ, кои ги демонстрира Царинската управа се непобитен факт за улогата на Царинската управа како клучна институција која ја движи македонската економија и генерира позитивни процеси на државата. Ова го истакна директорот Бобан Николовски во гостување на емисијата „Старт“ на Блумберг Адрија.

„Кумулативно, заклучно ноември остварена е наплата на приходи од 1,95 милијарди евра, што е близу 5 проценти раст или 87 милиони евра повеќе од лани. Историски годинава постигнавме најголема наплата на месечна основа и во континуитет бележиме позитивни резултати и аспект на оперативно работење и од аспект на полнење на Буџетот. Показателите ни служат за да го мериме напредокот во Царинската управа и економијата. Истовремено резултатите се непобитен факт дека Царината е еден од клучните фактори кои ја движат македонската економија и се генератор на позитивни процеси на државата“, истакна Николовски.

Дигитализацијата може многу да помогне во движење на позитивни промени, но двете страни во постапката мора да препознаат и ги искористат нејзините придобивки.
„Мора да го менуваме начинот на функционирање на царинската постапка и нејзино реализирање. Вложуваме се од себе да одиме понапред во дигитализацијата, неминовен процес на интегрирање со другите институции, постапката да трае пократко и со што помало влијание на човечкиот фактор“, истакна директорот.
Како еден од најнапредните информатичко комуникациски системи со огромен бенефит во заштитата на финансиските интереси и полнење на Буџетот и сузбивање на криминалот и корупцијата е Системот за податочен склад и анализа на ризик имплементиран со грант од Р. Кореја.
„Во системот се интегрирани сите податоци за увоз, извоз, транзит, заплени и кривични пријави. Истите се анализираат, по што царинскиот службеник ќе може да утврди дали една пратка ќе оди на детален или делумен преглед, или ќе биде без физички преглед. Тоа е многу важно во царинската постапка бидејќи на тој начин ќе ја забрзаме постапката и ќе овозможиме со што помал број на контроли да имаме поголем број на погодоци. Значи ќе имаме помал застој, подобра анализа на ризик и селекција и повеќе погодоци од аспект на откриени криминални активности. Воедно ќе се унапреди квалитетот на податоците, а врз основа на нивната анализа, на државно ниво ќе можат да се креираат мерки за унапредување на економските политики“, истакна Николовски.
Македонија со овој систем ќе може да пренесе позитивни искуства во останатите земји. Директорот Николовски вели дека преку Секторот за меѓународна соработка и Кабинетот соработката на меѓународно ниво е значително зајакната.
„Кога дојдовме како нов менаџерски тим почувствувавме дека немаме доволно добар контакт со сите за да може во нулта време можеме да ги надминуваме предизвиците и да разменуваме податоци. За мене тоа беше неприфатливо како човек кој работи во Царинската управа од 2008 година и знае дека добрата соработка на царинските служби на две соседни земји мора да има соработка во нулта време. Направивме многу голем чекор нанапред во овој поглед. Остваривме средби со сите царински служби од регионот, и после година ипол со Србија, Албанија, Косово, Бугарија, Словенија, Грција, Хрватска, Турција и останатите држави имаме одлична соработка и колегите на дневна основа разменуваат податоци. Ова е многу значајно и за кривичните пријави кои се на рекордно ниво“, потенцира тој и притоа изрази голема благодарност до сите царински служби од Западен Балкан и ЕУ.
Поврзани содржини

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

