Македонија

СДСМ: Изолација од ЕУ, суспендирани исплатите од ИПАРД 3 поради корупција

-Изолација од ЕУ! Десет дена власта молчи за оваа одлука. Европа реагира и испраќа јасна порака дека корупцијата на ДПМНЕ не се толерира, одговорност мора да има! Ова е најголемиот скандал со европски пари во Македонија, загрозени се 130 милиони евра од ИПАРД 3-пари за земјоделците,  реагираше денеска Јована Тренчевска, потпреседателка на СДСМ, за последните случувања околу ИПАРД 3 програмата, истакнувајќи дека корупцијата на власта довела до суспензија на исплатите од Европската Комисија.

Таа потенцира дека истрагата мора да опфати сите инволвирани, а не само не само приведениот директор и да ги даде одговорите и за најблискиот круг на премиерот Мицкоски.

„Директорот на Агенцијата, Илија Стоилев, е близок соработник на Игор Миќев, познат како Панкерот, кој е во кумска врска со премиерот Христијан Мицкоски. Неговата сопруга пак е вработена во Агенцијата, на позиција одговорна за исплата на парите од ИПАРД. Значи и Трипуновски и Мицкоски треба да одговараат за овој криминал и за штетата што ќе ја претрпат земјоделците.“, посочи Тренчевска.

Тренчевска истакна дека на ДПМНЕ не им се важни граѓаните, туку милионските тендери на валста.


„На ДПМНЕ не им се важни граѓаните, важни им се наместените милионски тендери. 161 тендер вреден 5,3 милиони евра, 9 милиони евра за фирма со двајца вработени – тоа е приоритетот на ДПМНЕ. Затоа им е потребна изолација и затоа сакаат да го контролираат судството со наводни „реформи“. појасни Тренчевска.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago