Општинската
установа Центар за култура „Ацо Караманов“ – Радовиш и Советот на 52.
„Караманови поетски средби“ со особена чест ги покануваат граѓаните,
љубители на пишаниот збор, на традиционалната манифестација посветена на поетското творештво,
слободната мисла и духовното наследство на Ацо Караманов. Карамановите
поетски средби ќе започната во Петок 26 декември во 18 часот, во Музеј на љубовта и уметноста.
Свеченото
отворање ќе биде збогатено со музичко интермецо во изведба на:
м-р Виолета
Арсовска – сопран и м-р
Наташа Калајџиева Здравева – пијано.
Потоа ќе следува поетско сеќавање на Ацо Караманов во изведба на Роман
Јованов, поздравно обраќање и доделување на:
Интернационалната
награда „Ацо Караманов“ 2025 и
Наградата
„Караманов“ 2025 за најдобра книга од македонски автор.
Вечерта ќе
заврши со настап на поетите – учесници на 52. „Караманови поетски средби“.
На 27 декември (сабота) во 11:00 часот во ОНБ „Браќа Миладиновци“ – Радовиш, програмата продолжува со музички
настап на Петар Поп-Лазаров (гитара), промоција на поетската книга „Вообразби“
од Бранко Цветковски, како и кратки претставувања на наградените книги од
овогодинешното издание.
Поезијата
како сведоштво, како отпор и како љубов – повторно се сеќаваме на нашиот Ацо
Караманов, на средба во неговиот Радовиш.