Василево
Со свечена академија одбележан Денот на општина Василево
Објавено на
Од
Media Press
Вчера, во Домот на културата во Василево, со свечена академија беше одбележан 16 Декември – Денот на општина Василево.

Свое обраќање имаше градоначалникот на општина Василево Славе Андонов. Упатувајќи честитки по повод празникот и 29-годишнината од нејзиното основање, се осврна на битните сегменти од нејзиниот развој, значењето на заедницата и поединецот во креирањето и планирањето на идните планови и проекти и визијата за модерна, средена, урбана општина Василево како посакувано место за живеење на нејзините млади поколенија.
„Денес стојам пред вас со голема чест, но и со длабока емоција. Денес не славиме само еден датум — денес ја славиме нашата општина, нашиот дом, нашата заедничка приказна. Денес одбележуваме 29 години постоење на општина Василево — 29 години исполнети со труд, надеж, верба и љубов.
Василево не е само место на карта. Василево се луѓето. Луѓето кои тука се родиле, кои тука ги растат своите деца, кои тука ја градат својата иднина. Луѓето кои, и во најтешките времиња, знаеле да застанат едни покрај други и да продолжат напред. Токму затоа овој ден е празник на секој наш сограѓанин. Денес, кога ја славиме општина Василево, ја славиме нашата заедничка сила. Силата на луѓето кои не се откажуваат. Силата на заедништвото. Со иста верба, со иста љубов и со истата посветеност ќе продолжиме и во годините што доаѓаат“, рече меѓу другото градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, во обраќањето пред присутните со порака да е вечна, силна и успешна општина Василево.

„Нека ни е честит Денот на општина Василево. Нека ни е вечна, силна и успешна“, порача Андонов.
Свое обраќање имаше и претседателот на Советот на општинан Василево, Миле Митевски, кој честитајќи го Денот на општина Василево, најави континуитет во развојот преку носење мудри одлуки со цел општина Василево да биде убаво место за живеење за сите нејзини граѓани.
Богатата културно уметничка програма вклучуваше музички изведби на училишните хорови и оркестар, читање и рецитации на наградените прозни и поетски текстови од страна на учениците кои беа наградени по повод објавениот конкурс на ООУ „Гоце Делчев“, Василево на тема „Мојата општина е мој дом“, како и фолклорен настап на КУД Бежанци’“ од Нова Маала.

На свеченоста беа доделени благодарници и признанија за најуспешните наставници од двете основни општински училишта „Гоце Делчев“, Василево и „Атанас Нивичански“ Нова Маала, како и на поединци и институции кои со своите активности придонеле за развојот и промоцијата на општина Василево.

Награди и признанија добија и учениците чии творби, на конкурсот распишан од ООУ „Гоце Делчев“, Василево за Денот на општина Василево, беа прогласени за најдобри.
Општина Василево додели и јубилејни награди за вработените; за нивното повеќегодишно работење и придонес во работењето и спроведувањето на надлежностите на општина Василево.
Поврзани содржини
Василево
Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб
Published
5 часа agoна
ноември 16, 2026By
Media Press
Викендов, во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со пригодна свеченост го означија официјалното отвaрање на клубот за дневен престој на пензионерите.
„Грижата за нашите пензионери е наша обврска. Општина Василево за првпат обезбеди просторија наменета за пензионерски клуб, сместен во Домот на културата во Василево. Нашите пензионери, нашите дедовци и татковци, заслужуваат пристојни услови за секојдневно дружење, разговор и меѓусебна дружба. Ова е мал, но значаен чекор со кој покажуваме дека ги почитуваме оние кои со својот труд и посветеност ги поставија темелите на нашето општество“, стои во информацијата споделена на социјалните медиуми.

Клубот е лоциран на приземјето на Доmот на културата во Василево, во поранешните простории на ЈПКД „Турија# Василево. Општина Василево во изминатиот период изврши комплетно реновирање и адаптација на просторот кое опфаќаше малтерисување и боење на ѕидовите, поставување на нов под, нови плочки и санитарни елементи, врати и прозорци и нови светлосни тела.
Буџетот за сите планирани и реалзирани активности, согласно Договорот за јавна набавка со компанијата изведувач на работите изнесува 1 015 612 денари, средства кои општината ги обезбеди од сопствените извори на проходи.
Со Одлука на Совет просториите се дадени на користење на Здружението на пензионери на Струмица, како би можело овој пензионерски клуб непречено да функционира, односно да биде во функција на потребите на пензионерите.

Василево
Граѓаните на Ангелци на средба со Градоначалникот на Општина Василево, за креирање на Буџетот за 2027
Published
4 недели agoна
октомври 21, 2026By
Media Press
Синоќа, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, беше во населеното место Ангелци, каде заедно со месното население разговараше за планираните активности, потреби и проекти кои како дел од Буџетот за наредната година би биле реализирани во ова населено место.

Едно од приоритетните прашања, за кои граѓаните бараат решавање е дислокација на дивата депонија како и доизградба на преостанатите краци од системот за фекална канализација, со што сите домаќинства би добиле можност за приклучување.
„Буџетот го креираме заедно со граѓаните на Ангелци! Одржавме средба со жителите на Ангелци, на која разговаравме за нивните потреби и приоритети за претстојниот буџет на Општина Василево. Клучни проекти за Ангелци се:
-Целосно дислоцирање на дивата депонија
-Продолжување со асфалтирање на улиците, со цел сите да бидат асфалтирани до крајот на мандатот,
– Оградување на училишниот двор на ООУ „Гоце Делчев“
-Изградба на преостанатите краци од фекалната канализација.
Ги повикувам сите граѓани активно да се вклучат во креирањето на буџетот, да ги споделат своите предлози и идеи и да помогнат во утврдувањето на приоритетите за нивните населени места. Заедно ги планираме проектите и ја градиме иднината на Општина Василево“, порачува градоначалникот Андонов од синоќешната средба со жителите на населеното место Ангелци. На средбата присуствуваа и Даниел Иванов – директор на ЈПКД „Турија“, Василево и Томе Спасов, директор на АД Водостопанство, подружница Струмица.
Василево
Општина Василево започна со креирање на Буџетот за 2027 година, преку средби со граѓани
Published
4 недели agoна
октомври 20, 2026By
Media Press
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, синоќа во населеното место Радичево, одржа отворена граѓанска средба за креирање на Буџетот за 2027 година.
Граѓаните во непосредна дискусија имаа можност да ги кажат потребите за населеното место, да дават предлози, да разговараат околу приоритетите но и можностите,, се во насока на подобрување на условите во кои се одвива нивното секојдневие.
„Буџетот го креираме заедно со граѓаните! Бевме во Радичево, каде што отворено разговаравме со жителите за нивните потреби, предлози и приоритети за наредниот период.
Радичево е населено место каде што дадениот збор се претвора во реализирани проекти! Во Радичево го реализиравме нашиот најголем капитален проект – изградбата на фекалната канализација, со што покажавме дека ветувањата се исполнуваат со конкретни дела. Тоа е нашата обврска и принцип на работа. Врз основа на реалните потреби на граѓаните, ќе ги креираме и идните приоритети, со јасна цел – ветеното да го реализираме и во наредниот период! Ветеното го реализираме. Продолжуваме посветено, заедно со граѓаните!“, стои во ФБ објавата на Градоначалникот.
На средбата присуствуваа и директорот на ЈПКД „Турија“, Даниел Иванов, директорот на АД „Водостопанство“, подружница Струмица, Томе Спасов како и дел од вработените во општинската администрација.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!























