Connect with us

Македонија

Промоцијата на публикацијата „Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур“

Media Press

Објавено на

Вчера, во Скопје, по повод Меѓународниот ден на човековите права, 10 Декември, се одржа промоцијата на публикацијата „Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур“, авторско дело на проф. д-р Јелена Ристиќ. Промоцијата беше одржана токму на овој значаен датум, симболично нагласувајќи дека заложбата за човекови права претставува постојана и споделена одговорност.



Публикацијата, издадена од Фондацијата „Фридрих Еберт“ – Канцеларија во Скопје, претставува актуелно и сеопфатно дело кое го обработува функционирањето на системот за заштита на човековите права во рамките на Европската конвенција, со особен фокус на критериумите за допуштеност на жалбите пред Европскиот суд за човекови права и на македонската судска практика во Стразбур.

Проектната координаторка во ФЕС, Нита Старова истакна дека изданието претставува важен придонес кон стручната дебата за човековите права во земјата.

„Фондацијата со години ја гради својата издавачка програма како поддршка на универзитетската настава и како средство за обезбедување квалитетни, достапни и стручно засновани материјали. Оваа публикација е наменета не само за адвокатите, туку и за судиите, обвинителите, професорите и, најважно, за студентите, идните заштитници на слободите и правата на граѓаните,“ рече Старова, нагласувајќи дека делото е вредно и за невладините организации, политичките субјекти и пошироката јавност која сака да стекне знаење за механизмите на заштита пред Судот во Стразбур.

Таа потсети и дека Фондацијата веќе подолг период ги објавува своите изданија во дигитална форма со цел да бидат лесно достапни за секого, следејќи ги европските стандарди за еколошка и економска ефикасност.

Стручен осврт на публикацијата даде проф.др. Јадранка Дабовиќ Анастасовска, професорка на Правниот факултет и судијка во Уставниот суд “ Книгата „Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур“, од проф. д-р Јелена Ристиќ, се појавува како академски одговор на една тивка, но длабоко присутна потреба. Како што самиот вовед нагласува, огромен дел од жалбите — повеќе од 95% — кои граѓаните и адвокатите од нашата држава ги поднесуваат до Европскиот суд за човекови права, завршуваат со отфрлање поради недопуштеност .Оваа книга, всушност, ја разоткрива суштинската логика на Стразбур: дека Конвенцијата е минимален стандард, дека државите имаат примарна одговорност, дека ролјата на Судот е супсидијарна и дека, без прецизно почитување на процесните правила, нема можност за материјална правда. Токму затоа делото е актуелно, неопходно и навремено. По Протоколот 15, адвокатите, судиите, обвинителите, студентите – сите ние – мораме да го подигнеме нивото на познавање на допуштеноста. Во спротивно, ќе продолжиме да гледаме како жалбите  се отфрлаат уште пред да започне вистинската битка за правото.”


Авторката на Публикацијата проф. д-р Јелена Ристиќ истакна дека Европската конвенција за човекови права претставува прв меѓународен инструмент преку кој државите се согласиле да бидат правно обврзани да гарантираат цел спектар на човекови права и слободи на секој под нивна надлежност. Таа потсети дека Конвенцијата воспоставува минимален стандард кој државите мора да го почитуваат, но и дека имаат слобода да обезбедат и повисоко ниво на заштита.

„Системот за заштита на човековите права се темели на принципот на супсидијарност, државите се тие што најпрво мора да ги гарантираат и штитат правата, а Судот во Стразбур интервенира само кога државите ќе пропуштат да ги исполнат своите обврски,“ нагласи Ристиќ.

Таа посочи дека, иако секој граѓанин има право да поднесе жалба до Судот во Стразбур, голем дел од жалбите, вклучително и од Северна Македонија не стигнуваат до оценка на основаноста бидејќи не ги исполнуваат критериумите за допуштеност.

„Само околу пет проценти од жалбите против нашата држава се прогласуваат за допуштени. Тоа носи сериозни последици: жалителите чекаат со години, Судот е преоптоварен, а во државата изостанува вредниот корективен ефект што судските пресуди го имаат врз унапредувањето на човековите права,“ истакна Ристиќ.

Затоа, според авторката, оваа публикација има за цел да им помогне на адвокатите, судиите, обвинителите, студентите и сите професионалци да го разберат системот подобро и да го применуваат правилно, особено имајќи предвид дека во последните години беше изменет и самиот контролен механизам преку Протоколот 15.

„Недостигот од ажурирана литература на македонски јазик и потребата од продлабочено познавање на критериумите за допуштеност ја направија оваа публикација неопходна. Верувам дека таа ќе придонесе за подигнување на професионалните стандарди и за посилна заштита на правата на граѓаните,“ додаде Ристиќ, изразувајќи благодарност до Фондацијата „Фридрих Еберт“ за препознавањето и поддршката на ова значајно издание.

Публикацијата „Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур“, можете да ја погледнете на следниот линк:

прикажи повеќе

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе