Македонија
Николоски од Брисел: Македонија го заслужува членството во ЕУ, потребна е јасна политичка одлука на земјите членки на ЕУ
Објавено на
Од
Media Press
Заменик претседателот на Владата, Алексадар Николоски, на Форумот на тема; “Прашања на проширување: Новата геополитичка, безбедносна и економска граница на Европа” што се одржа во Брисел во организација на “Пријатели на Европа” во своето излагање меѓудругото рече: Македонија го заслужува членството во ЕУ, потребна е јасна политичка одлука на земјите членки на ЕУ.
„Регионот, Македонија, мојата земја се борат за европските вредности со децении. Нема сомнеж дека за регионот нема друга алтернатива освен членство во ЕУ и НАТО. Добро е што сме членка на НАТО, но испораката од ЕУ недостасува, истакна заменик претседателот на Владата Александар Николоски на панел дискусијата “Прашања на проширување: Новата геополитичка, безбедносна и економска граница на Европа” што се одржа во Брисел во организација на “Пријатели на Европа”.
Тој истакна дека во децениите наназад Македонија направила голема жртва за пристапниот процес, но според него клучните играчи во ЕУ треба да бидат фер и да испратат искрена порака дали регионот и Македонија ќе се приклучат кон ЕУ. “ Земјата се трансформира однатре, колку што можеме со наши внатрешни ресурси, но се обидуваме да користиме и меѓународни ресурси, без разлика дали преку соработка со ЕУ, со САД…. Потпишавме договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, прва земја во ЈИЕ што потпишала ваков договор, имав чест да го потпишам тој договор во мај годинава, не е дека не работиме, не е дека не се обидуваме или дека не бараме партнери и очигледно партнерите се таму каде што припаѓаме, во западната цивилизација.
Во однос на ЕУ, да се согласувам, проширувањето е политичко, ниедно проширување на ЕУ не било неполитичко, почнувајќи од Грција и Португалија, во претходниот век, па големото проширување на почетокот на овој век, па се’ до Романија и Бугарија – се’ било политички. Јасно е дека за овој регион недостига политичка волја”- вели вицепрмиерот Николоски.
Она што ме плаши, потенцираше вицепремиерот Николоски е дека се уште постојат сили во регионот кои се моќни, кои бараат да искористат прилика да ја преземат моќта со друга визија и чекаат процесот на проширување да пропадне. “За различни земји причините се различни, но очигледно има недостиг на политичка волја. Сметам дека е фер да им се каже на луѓето од регионот – ова може, ова не може. И ајде да ги правиме работите што може да се направат. Ако може да направиме 10 од 20 работи, тогаш да ги испорачаме, бидејќи вака сме заглавени во ситуација на чекање: следниот самит, следниот самит, јуни, декември, можеби во средина на март… и така времето си минува и она од што се плашам е што може да му се случи на регионот во иднина”- истакна вицепремиерот.
Вицепремиерот Николоски потенцира дека во вакви услови единствен начин да се развиваат земјите е економската соработка и ги истакна владините планови за крупните регионални проекти со кои се унапредува економската соработка со соседите. “ Она што сметам дека треба да го правиме е да соработуваме економски, што веќе го правиме во регионот и да се поврземе. Ние сме земја без излез на море, но имаме два европски коридори кои минуваат низ земјата, коридор 10 од Переа, во Атина, до Финска и коридор 8 од Јадранско до Црно Море. Инвестираме многу пари да изградиме автопати, железница и тоа е нешто што може да ја смени и обликува економската иднина на земјата и нешто што треба да го гледаме како иднина на регионот” рече Николоски и додаде: “Сега зборуваме со Грција да креираме 13 линии на граничните точки, за да се’ функционира побрзо.
Со Бугарија разговараме за железницата, денес ќе се сретнам со нивниот вицепремиер, за да отвориме уште една гранична точка, така се отвораме едни кон други и да се обидеме да го држиме тоа настрана од политичките игри”. Тој истакна дека поддршката за членство во ЕУ во регионот е се уште висока и го потенцира моделот на соработка меѓу Словенија и Хрватска како модел за добра соработка и решавање на билатерални прашања, но како што рече за жал Македoнија е отворна за соработка, а од другата страна нема интерес“истакна Николовски во својот говор.
Поврзани содржини

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

