Конференција на Институтот за комуникациски студии
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на конференција организирана од Институтот за комуникациски студии на тема „Хибридни и информациски закани: Од препознавање кон национален системски одговор“.
Во време кога дезинформациите стануваат безбедносен предизвик со стратешки последици, визија е јасна: држава која препознава рано, институции кои реагираат брзо, службеници кои постапуваат професионално и граѓани кои препознаваат манипулации. Само така можеме да изградиме општество кое нема да биде жртва – туку отпорно, истакна Премиерот Христијан Мицкоски.
,,Денеска присуствував на конференција која е во организација на Институтот за комуникациски студии на тема, „Хибридни и информациски закани: Од препознавање кон национален системски одговор”.Живееме во време во кое војната се води со збор, со манипулација, со монтирана вистина и со прецизно наметнато сомневање. Денес, дезинформациските кампањи не се само медиумски проблем, туку безбедносен предизвик со стратешки последици.
Тоа е новото бојно поле на демократијата.Нашата визија е јасна: Држава која ќе препознава рано. Институции кои ќе реагираат брзо. Службеници кои ќе постапуваат професионално. Граѓани кои ќе препознаваат манипулации. Општество кое нема да биде жртва – туку отпорно“.