Connect with us

Струмица

Костадинов: Поприлично сум изненаден од одлуката на општината да ги намали платите на пожарникарите спасители

Media Press

Објавено на

„Поприлично сум изненаден од одлуката на општината да ги намали платите на пожарникарите спасители. Луѓе кои не само што си ја вршат својата работа, туку сме едни од ретките ТППЕ кои имаат специјализирани тимови за спасување од земјотреси, и кои спасувале животи во цела Европа кога требало. Тимови кои посетуваат обуки за спасување луѓе од сообраќајки, тимови кои наоѓале удавени лица во езерата во целиот регион, луѓе кои, кога некој се затворил дома и нема клуч, буквално влегуваат преку тераси за да помогнат. Луѓе кои спасувале домашни миленици и уште милион други активности“, објави поранешниот градоначалник на Општина Струмица Костадин Костадинов на својот ФБ профил, откако излезе во јавноста информација дека платите на пожарникарите кои тој ги зголеми на 80.000 денари, се исплатени во иссти износ како пред покачувањето.

„Високата плата на пожарникарите спасители не е само обично покачување на примањата, туку претставува поттик за економскиот развој на општината. Тоа е поттик за можно реално зголемување на данокот на имот, што би имало директен позитивен импакт врз општинскиот буџет. Начин за исплата на зголемените плати има. Ако ТППЕ Струмица има околу триста интервенции во општина Струмица, верувам дека има уште толку и во околните општини, а тоа го правиме во знак на добра волја, без финансиска партиципација од нивна страна“ стои во реакцијата на Костадинов.

„Пред неколку дена видов дека близу една милијарда денари ќе има поддршка и од Министерството за одбрана за финансиска поддршка на пожарникарите, што е добро и согласно собраниските процедури и читањето на националниот буџет би дошло во вистинско време. Сè што е потребно е добра волја и искрен пристап, а убеден сум дека ги има од сите страни. Иако не сакам да поверувам, од страна ми личи дека одредени индивидуи од секторот за финансии извршиле сериозен притисок за да се донесе ваква одлука. Мојот став за пожарникарите спасители останува непроменет. Тие се нашите херои и како такви треба да ги чуваме во „стаклено ѕвоно“. Имам искуство со многу правни голготи низ кои поминуваа за да ги остварат своите права: од регулирањето на хранарината, до плаќањето на викендите, систематизацијата и уште еден куп други бирократски, досадни пречки кои го попречуваа остварувањето на нивните основни права. Верувале или не, и покрај сето тоа, тие никогаш не размислуваа кога стануваше збор за нивната улога во заштита на нашата безбедност и превенција.Од тие причини сметам дека освен платата и социјалниот статус на пожарникарот спасител мора да биде ставен на високо ниво. Затоа беа моите одлуки во рамки на мојот мандат тие да добијат ослободување од плаќање паркинг и бесплатен превоз во рамки на ЈСП Струмица како поттик и мотив кон нив дека не се заборавени, туку се симбол со кој Струмица се гордее“, стои во објавата од Костадинов.

Инаку Костадинов го потпиша решението за зголемување на платата на пожарникарите на 02 септември пред започнувањето на изборната кампања за Локаалните избори.

„Хероите на Струмица нашите пожарникари спасители од септември ќе ја добијат заслужената награда за својата храброст и пожртвуваност. Со новите решенија тие ќе бидат најплатени во Македонија, со месечна плата од 80.000 денари. Тоа е најмалку што можеме да направиме за луѓето кои секојдневно го ризикуваат сопствениот живот за да спасат туѓ„ напиша тогаш Костадинов за својот ФБ профил.

Извор: https://www.facebook.com/kostadinkostadinov

Струмица

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

Media Press

Published

на

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО 15 ДЕКЕМВРИ 2026 ГОДИНА

Општина Струмица ги потсетува граѓаните, архитектите и сите заинтересирани учесници дека рокот за доставување идејни архитектонски решенија за реконструкција и урбан дизајн на Градскиот плоштад „Гоце Делчев“ е продолжен.

Предлозите можат да се достават најдоцна до 15 декември 2026 година, до 12 часот, по пошта или лично во архивата на Општината, канцеларија бр. 20. Конкурсот е јавно достапен на Електронскиот систем за јавни набавки (www.e-nabavki.gov.mk), каде заинтересираните можат да ја најдат целокупната документација.

Најдобрите идејни решенија ќе ги избира стручна жири-комисија.

Општина Струмица обезбеди парични награди во износ од 130.000 денари за првата, 60.000 денари за втората и 40.000 денари за третата награда.

Градскиот плоштад „Гоце Делчев“ последен пат беше целосно реконструиран во 2010 година. По повеќе од 15 години, Општината отвора нова можност за осмислување на неговиот изглед и содржина, со визија за поубав, пофункционален и попривлечен централен простор, место кое ќе одговори на потребите на граѓаните, ќе поттикнува дружење и ќе продолжи да биде срцето на јавниот и културниот живот во Струмица.

Со овој конкурс, Општина Струмица прави чекор кон ново урбано лице на градот, создадено со современи архитектонски идеи и визија за иднината.

Ги повикуваме сите заинтересирани да се вклучат и да го дадат својот придонес во обликувањето на новото лице на центарот на Струмица.

Прочитај повеќе

Струмица

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Media Press

Published

на

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година!

На денешната 18-та седница на Советот на Општина Струмица е усвоен Планот на програмите за развој за 2027 година, со кој се поставува основата за реализација на капиталните инвестиции во наредната година.

Усвоени беа и ребалансот на буџетот за 2026 година, извештајот за неговото извршување за третиот квартал, како и измените и дополнувањата на општинските програми.

Одговарајќи на советничките прашања, градоначалникот Петар Јанков ги образложи тековните и планираните проекти, финансиското работење и предизвиците со кои се соочува општината.

Општината постепено ја стабилизира финансиската состојба и создава услови за поинтензивна реализација на планираните активности.

На седницата се донесе и одлуки за унапредување на комуналните услуги, работењето на јавните претпријатија, урбанистичкото планирање и поддршка на граѓани на кои им е потребна парична помош.

,,Продолжуваме со одговорно управување, реално планирање и конкретни чекори за развој на Струмица“ – истакна градоначалникот Петар Јанков.

Прочитај повеќе

Струмица

Ново мултифункционално игралиште во Куклиш

Media Press

Published

на

НОВО ИГРАЛИШТЕ ЗА СПОРТОТ ВО КУКЛИШ: Завршена подлогата и поставени кошевите на новото мултифункционално игралиште

Љубителите на спортот и рекреацијата од населеното место Куклиш добиваат современо уреден спортски простор. Активностите за целосно уредување и модернизација на мултифункционалното спортско игралиште во ова населено место се во забрзана реализација, соопштија од Општина Струмица.

Според досегашните изведувачки работи, подлогата на игралиштето е успешно завршена, а веќе се монтирани и кошевите, со што проектот добива видлива завршна форма.

Проектот е замислен како мултифункционален спортски терен кој ќе овозможи практикување на повеќе спортови, со што ќе се создадат оптимални услови за спортски активности на младите, децата и сите рекреативци од Куклиш.

Оваа значајна инвестиција се реализира преку меѓусебна соработка и партнерство меѓу Општина Струмица и „Видеолотарија Касинос Австрија“. Овој заеднички потфат е дел од пошироката стратегија за унапредување на спортската инфраструктура и рамномерен развој на условите за спорт и рекреација во сите населени места низ општината.

Прочитај повеќе