Василево

Нова инвестиција за црквата „Св. Никола“ во Градошорци

Со градежен материјал обезбеден од општина Василево деновиве беше изграден ограден ѕид на влезниот дел од дворот на црквата Св. Никола во Градошорци.
Информацијата за оваа најнова заедничка активност на општина Василево со црковниот одбор  при црквата Св. Никола од Градошорци,,  преку својот ФБ профил, ја сподели градоначалникот на општина Василево Славе Андонов кој нарави увид во активностите .


„На влезот од црквата „Св. Никола“ во Градошорци е изграден нов ограден ѕид, со што овој свет храм добива дополнителна уреденост и безбедност. По барање на црковниот одбор, Општина Василево го обезбеди потребниот градежен материјал за реализација на овој заеднички проект. Со посветена соработка меѓу локалната самоуправа и црковната заедница, продолжуваме да инвестираме во објекти од духовно и културно значење, кои се важен дел од нашата традиција и идентитет. Работиме заедно за поубава и подобро уредена општина Василево“, стои во ФБ објавата на градоначалникот Андонов.


Општина Василево континуирано има добра соработка со црковните и џамиските одбори на светите храмовите  во населените места на општината. Финансиската поддршка или помош во градежен материјал е вообичаен начин преку кој општината им помага на црковните и џамиските одбори за реализирање на потребите поврзани со почитување и практување на верата, обичаите и верските обреди.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago