Connect with us

Валандово

Сточарот Божидар Костиќ од Валандово си ги бара субвенциите за 300 грла овци – зима иде пари нема!

Media Press

Објавено на

Зима иде како да ги гледам 4 деца и 300 глави овци без пари, вели Божидар познат како Дарко.

Сточарот од валандовското село Марвинци, Божидар Костиќ (57), или како што е познат меѓу своите сограѓани како Дарко, е крајно разочаран што субвенциите за овците не се исплатени, пари нема, а како што вели се наоѓа во многу лоша финансиска состојба.

Одгледувачите на овци досега за 2024 година зедоа само 600 денари по овца, исплатата беше лани во декември,  што значи државата им должи по 1.400 денари по грло доисплата и тоа веќе цела година.

Божидар вели дека има три ќерки и еден син и 300 глави овци, зима иди, а нема како да ги покрие трошоците кои му се натрупуваат секој ден.

„Ова е голема несреќа за нас овчарите и сточарите воопшто, нема пари за субвенции, не можеме да опстоиме. За моите 300 глави овци државата ми должи над 7.000 евра. Каде се парите?“, вели Божидар за Зелена Берза.

„Ни ветија дека субвенциите ќе ги исплатат во летото, не излагаа, дојде есента ни кажаа – сега не може оти ќе имаме локални избори и се стрпивме, иако не се трпи веќе. Еве изборите поминаа, власта победи ама пари за субвении нема. Наместо тоа слушаме дека имало корупција и апсење на директорот на Платежната агенција. Што значи сега ова дека нема да ни бидат исплатени субвенциите? Дека нема кој да ги потпише и исплати парите? Нека кажи министерот кога ќе ни ги исплати парите за овците за 2024 година и за млекото за 2025“, бара сточарот Божидар.

Повеќе на линкот: https://zelenaberza.com.mk/stocharot-bozhidar-kostik-od-valandovo-si-gi-bara-subvencziite-za-300-grla-ovczi-zima-ide-pari-nema/

прикажи повеќе

Валандово

Во СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово: Кога практичната настава прераснува во вистинска лабораторија на знаење и успех

Media Press

Published

на

Во СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово, е училиште каде практичната настава прераснува во вистинска лабораторија на знаење и успех — доказ за тоа е одгледувањето печурки буковка.

-Овој резултат не е случаен, туку плод на посветената работа, љубопитноста и истрајноста на учениците, под менторство на наставниот кадар. Овој успех јасно покажува дека практичната настава не е само дополнување, туку двигател на вистинското учење и патоказ кон професионалното усовршување, соопштуваат од училиштето.

Преку реални активности и директна примена на современи, иновативни и одржливи земјоделски практики, учениците стекнуваат применливи вештини, развиваат претприемачки дух и се подготвуваат да одговорат на предизвиците на современиот пазар на труд.

Активноста е дел од проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Македонија“, финансиран од Европската Унија, а реализиран од People in Need North Macedonia во партнерство со ARNO, LEAD – Leaders for Education, Activism and Development и Ековита.

-Ние не зборуваме за иднината — ние ја создаваме! Со секој нов проект, со секоја нова идеја, градиме генерации што размислуваат одржливо, дејствуваат иновативно и ја движат економијата напред, е паролата на училиштето.

Прочитај повеќе

Валандово

Лишено од слобода едно лице од Валандово, физички ја нападнал својата сопруга, а поседувал и огнено оружје и муниција

Media Press

Published

на

На 24.03.2026 во 17:40 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово лишија од слобода 72-годишен жител на Валандово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 68-годишна сопруга и ѝ нанел повреди на телото.

При преземање на службени дејствија, лицето агресивно се однесувало и кон полициските службеници, при што нападнал еден од нив. Лицето е задржано во Полициска станица, а подоцна со негова дозвола е извршен и претрес во неговиот дом, каде се пронајдени и одземени три пиштоли, една ловечка пушка, 45 куршуми и седум ловечки патрони, кои нелегално ги поседувал.

За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Валандово

Лице од Валандово, без дозвола управувал патничко возило кое претходно го украл од двор во гевгелиско Прдејци

Media Press

Published

на

Лишено од слобода лице од Валандово, без дозвола управувал патничко возило кое претходно го украл од двор во гевгелиско Прдејци, информира СВР Струмица.

Вчера околу 11:15 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода М.У.(52) од Валандово. Тој се сомничи дека во периодот од 10:30 до 11:00 часот од дворно место сопственост на Ј.К.(70) од село Прдејци, гевгелиско, го одзел неговото патничко возило „фиат“ со гевгелиски регистарски ознаки. По преземени мерки, возилото е запрено во Гевгелија и по преземени мерки е констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола.

Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на настанот против лицето ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Прочитај повеќе