Connect with us

Балкан

11 луѓе загинале, а најмалку 35 повредени во пожар во пензионерски дом во Тузла

Media Press

Објавено на

11 луѓе загинале во пожарот што синоќа избувна во пензионерски дом во Тузла, БиХ, а најмалку 35 луѓе поминале со повреди, соопштија тамошните  медиуми.

На седмиот кат на Домот за пензионери синоќа избувнал голем пожар и као што соопштуваат медиумите досега загинале 11 луѓе, а 35 побарале медицинска помош во Универзитетскиот клинички центар во Тузла.

Според информациите, најголемиот број од загинатите биле на седмиот кат. Станува збор за главно неподвижни лица, со тешко нарушено здравје.

Меѓу оние што побарале помош поради повреди се и штитеници и вработени, како и полицајци, пожарникари и медицински техничари.

Како што пренесуваат локални медиуми, во Домот за стари лица пожарот избувнал вчера во 20:45 часот, на седмиот кат на објектот.

Балкан

Резултати од изборите: Парламентарни 2026 Република Србија – според РИК

Avatar

Published

на

Република Србија: Вкупен број на регистрирани гласачи: 6.451.292

Бројот на гласачи кои излегоа: 4.302.448 (се однесува на бројот на обработени гласачки места )

На предвремените парламентарни избори во Србија учествуваа вкупно 18 изборни листи со 2.418 кандидати кои беа вклучени во трката за пратенички места.

Од овие 18 изборни листи, девет имаа статус на листи на национални малцинства.

Табеларен приказ на резултатите од изборите за четирите најголеми градови во Србија (Белград, Нови Сад, Ниш и Крагуевац):

Табеларен преглед на табелата:

ГрадЛиста на А. Вучиќ (СНС)Студентска листаРазлика
Белград31.95%63.61%+31.66% во корист на Студентска листа
Нови Сад31.88%63.80%+31.92% во корист на Студентска листа
Ниш35.51%60.44%+24.93% во корист на Студентска листа
Крагуевац35.87%58.53%+22.66% во корист на Студентска листа

Дијаспора 38.50% 61.50%

Податоци од:  26.10.2026 19:30:00

Прочитај повеќе

Балкан

Бранот протести во Албанија: Барања и реакција на власта

Media Press

Published

на

Во Тирана и другите поголеми градови во Албанија ескалираа масовни, студентски и антивладини протести. Иако започнаа како студентски марш поради состојбите во образованието, тие брзо прераснаа во општонародно незадоволство и добри дел од собири завршија со жестоки судири со полицијата.

Масовните протести во Албанија, кои започнаа поради социјални и студентски барања, прераснаа во сериозна политичка криза со насилни судири меѓу граѓаните и полицијата на улиците во Тирана.

Демонстрантите и опозицијата бараат итна оставка на премиерот Еди Рама, преодна влада, поостра борба против системската корупција и подобрување на економскиот стандард и условите за младите. Покрај политичките барања, студентите инсистираат на поголем буџет за образованието, пониски школарини и подобрување на условите во универзитетите.

Премиерот Еди Рама категорично ги одбива барањата за оставка, порачувајќи дека власта се менува исклучиво на избори, а не со улични притисоци. Тој ги обвини опозицијата и надворешните фактори дека го злоупотребуваат незадоволството за дестабилизација на земјата и закочување на нејзиниот европски пат, додека полицијата жестоко реагира на секој обид за насилство пред државните институции.

Прочитај повеќе

Балкан

Трајков од Белград: Жените не треба да бидат само корисници на политиките, туку нивни креатори

Media Press

Published

на

Заменик-министерката за европски прашања, проф. д-р Викторија Трајков, учествуваше на втората Конференција посветена на женското лидерство, организирана од Владата на Република Србија. На конференцијата свое обраќање имаше и поранешната прва дама на Република Србија г-ѓа Тамара Вучиќ, на кој беа отворени прашања од значење за унапредувањето на улогата на жените во лидерството, политиката, економијата и општеството.


Во своето учество, заменик-министерката се осврна на потребата од создавање нова генерација жени лидери и посилно регионално поврзување, истакнувајќи дека иднината на Западен Балкан зависи и од квалитетот на соработката меѓу жените од регионот.
„Жените не треба да бидат само корисници на политиките, туку и креатори на политиките“, порача проф. д-р Трајков, нагласувајќи дека политичкото учество на жените не е само прашање на еднаквост, туку и прашање на квалитетот на демократијата.
Таа посочи дека земјите од Западен Балкан се соочуваат со слични предизвици, но токму заедничките искуства претставуваат можност за градење регионални решенија.
Како особено важни области за соработка ги издои образованието и развојот на вештините, економското зајакнување и претприемништвото, политичкото учество на жените, дигиталната трансформација и пристапот до новите технологии, како и спречувањето и борбата против насилството врз жените и девојчињата.


Заменик-министерката за европски прашања посебно ја нагласи важноста на менторството и поддршката на младите жени, посочувајќи дека жените кои денес се на лидерски позиции имаат одговорност да го пренесат своето знаење и искуство на генерациите што доаѓаат.
„Кога една жена ќе успее, таа треба да ја отвори вратата за друга“, истакна проф. д-р Трајков, нагласувајќи ја потребата од создавање систем во кој младите жени ќе имаат пристап до образование, менторство, професионални мрежи, лидерски можности и процесите на донесување одлуки.


Во контекст на технолошкиот развој, заменик-министерката за европски прашања се осврна и на можностите и ризиците што ги носат вештачката интелигенција и дигитализацијата. Таа порача дека жените не треба да бидат само корисници на новите технологии, туку и нивни креатори, иноватори, истражувачки, претприемачки и носители на одлуки.
На настанот беше истакнато и значењето на партнерствата меѓу институциите, бизнис-секторот, академската заедница, граѓанското општество и младите, како основа за создавање поинклузивна иднина.
„Нашата иднина не е однапред напишана. Ние ја испишуваме. И ако ја испишуваме заедно, таа ќе биде посилна, поправедна и поуспешна“, порача проф. д-р Трајков, повикувајќи на посилна регионална мрежа на жени кои заеднички ќе создаваат нови можности и ќе придонесуваат кон развојот на своите општества.


Учеството на заменик-министерката проф. д-р Трајков на настанот во Белград претставува можност за дополнително зајакнување на регионалниот дијалог и размена на искуства во областа на женското лидерство, со посебен фокус на младите жени и нивната активна улога во креирањето на иднината на регионот.

Прочитај повеќе