Политика

Илија Тентов нов градоначалник на Дојран-Локални Избори 2025

Во Дојран, граѓаните избраа нов градоначалник – Илија Тентов, кандидат на Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, според официјалните резултати, Илија Тентов освои 60,76% од гласовите или 1.183 гласа. Тентов ќе ја преземе функцијата од досегашниот градоначалник Анго Ангов.

Додека неговиот противкандидат Ристо Џинев доби 34,87% од гласовите или 679 гласа. Остварена разлика од 504 гласа.

Еве ги клучните точки од неговата програма, презентирани на митингот под мотото „Вистинскиот избор“, „Твојот човек!“:

  • Реконструкција и санација на Хидросистемот „Ѓавато“, со цел полнење на Дојранското Езеро.
  • Решавање на проблемот со водоснабдување во Стар и Нов Дојран.
  • Реконструкција на старата пречистителна станица за отпадни води.
  • Изработка на нов урбанистички план за Дојран и Сретеново.
  • Изградба на модерна улица и пешачка патека до плажата во селото Николиќ.
  • Субвенциониран превоз до сите населени места и редовна автобуска линија до Гевгелија.
  • Градежна зона за млади брачни парови, со цел задржување на младите во општината.
  • Довршување на црквата „Свети Никола“ во село Црничани.
  • Реконструкција и проширување на локалниот пат во село Фурка.
  • Обезбедување дежурна медицинска служба во текот на целата година.

Оваа победа се смета за значаен успех за ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција, која доби поддршка од граѓаните за нова визија и локален развој.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

2 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago