Радовиш

По повод 29 Октомври – Светскиот ден во борбата против мозочниот удар, Здравствениот Дом од Радовиш спроведе превентивни прегледи

По повод 29 Октомври – Светскиот ден во борбата против мозочниот удар, Здравствениот Дом од Радовиш спроведе превентивни прегледи на гликемија на крвта и крвен притисоки, како и совети од лекар, за подигнување на свеста за превенција, препознавање на симптомите, рана дијагностика и навремено лекување на мозочниот удар.

Оваа акција која се одржа на плоштадот Свети Спасо Радовишки, предизвика голем интерес кај граѓаните од Радовиш пред се од повозрасната популација,  кои излегоа да си го проверат својот крвен притисок и шеќерот во крвта.

 „Во Македонија секоја година се регистрираат нови 5000 лица со мозочни удари, затоа е клучна превенцијата, навреме да се препознае мозочниот удар и навреме да се лекува, вели директорот на Здравствениот дом во Радовиш д-р Стојанче Петров. Затоа тој порача, дека би требало и помладите да си прават контроли, бидејќи границата се спушта во послендите години.

„Превенцијата и навременото спречување на појавата на мозочен удар се најдоброто лекување. Грижата за здрави навики, редовните лекарски прегледи и контролата на ризичните фактори се клучни за зачувување на здравјето на мозокот“додава доктор Петров.

Денешната превентивна акција ја посети и новиот градоначалник на Општина Радовиш Љупче Почивалец, кој ја поздрави акцијата и самата иницијатива на здравствениот дом за грижа на граѓаните.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago