Гевгелија

Општинската изборната комисија им ги додели уверенијата на градоначалникот Сарамандов и на новите членови на Советот на Општина Гевгелија

Општинската изборната комисија на Гевгелија денеска им ги додели Уверенијата на градоначалникот Андон Сарамандов, за втор мандат, како и на 19-те советници кои беа избрани на Локалните избори 2025.

Од вкупно 19 мандати во Советот на Општина Гевгелија, 11 се резервирани за ВМРО-ДПМНЕ, 4 за СДСМ, 2 за ЛЕВИЦА 1 за ДВИЖЕЊЕ ЗНАМ и 1 за МААК.

Градоначалникот Сарамандов се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба за уште еден мандат.

„Ми претставува чест и огромно задоволство што денес официјално го примив уверението за градоначалник на општина Гевгелија во втор мандат.

Уште еднаш Ви благодарам на сите што верувате во мене, мојот тим, програмата и планираните проекти, но пред се во начинот на кој работиме, а преку кој докажавме дека можеме поинаку“, вели Сарамандов.

Идниот гевгелиски Совет ќе го сочинуваат:

Димитар Вегов, Анета Стамкова, Георги Петков, Зоран Димитров, Надица Ристовски, Игор Илков, Борче Стојков, Павлина Минова – Ичева, Елена Хаџи – Николова, Ѓорѓе Попов и Сара Маркова, од коалицијата Вмро – Дпмне, Александар Киров, Каранфилка Алчинова, Цветан Нелоски и Елизабета Сивова, од коалицијата Сдсм, Николчо Петров и Михаил Тодоров, од партијата Левица, Борче Нечевски од движењето Знам и Ристо Ѓоргиев од Маак.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago