Радовиш

Работните активности на Стоковната куќа во Радовиш, продолжуваат согласно предвидената динамика

Работните активности на Стоковната куќа во Радовиш која ќе биде претворена во Мултифункционален културен центар „Рада“ продолжуваат согласно предвидената динамика и покрај изборниот процес кој се случува овие денови.

Како што истакна се уште актуелниот градоначалник Ацо Ристов, работните активности се одвиваат онака како што е планирани и согласно потпишаниот договор со фирмата изведувач.

„Обезбедени се средства и за двете фази на реализација, од Владата на Република Македонија од Унгарскиот кредит, во висина од околу 3 милиони евра. Нема причини за застој на работата и овој проект ќе биде завршен во предвидениот рок“, вели Ристов.

Покрај на Стоковната куќа течат работните активности и за реконструкција на Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, како и на Градскиот пазар во Радовиш кој е во завршна фаза.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago