ОИК ги додели уверенијата на новиот градоначалник на Општина Радовиш Љупче Почивалец и на новите членовите на Советот на Општина Радовиш
ОИК во Радовиш денеска ги додели уверенијата на новиот
градоначалник на Општина Радовиш Љупче Почивалец и на членовите на новиот
состав на Советот на Општина Радовиш.
Почивалец кој во првиот круг на локалните избори имаше
убедлива победа со над 2500 гласа повеќе од својот противкандидат, ќе го заземе
местото на актуелниот градоначалник Ацо Ристов и ќе ја води Општина Радовиш во
следните 4 години. Тој побара поддршка од сите советници да работат во интерес
на граѓаните.
„Во
мојот мандат ќе работиме посветено и одговорно, со јасна визија и цел – да ја
направиме нашата општина подобро место за живеење. Ќе вложиме труд, енергија и
знаење за реализирање на проекти кои ќе донесат вистински развој и подобар
стандард за сите граѓани.
Им честитам
на новоизбраните советници и им посакувам успешна и заедничка работа. Заедно,
јас како градоначалник и советниците, ќе се залагаме за подобра и поразвиена
општина – со проекти, идеи и иницијативи во интерес на сите граѓани“ рече
Почивалец.
Уверенијата беа доделени и на 19 –те советници кои во следните 4 години ќе донесуваат одлуки во интерес на граѓените како и што ветуваа во текот на изборниот процес.
ВМРО ДПМНЕ со коалицијата доби 9 мандати, СДСМ – 5 мандати, Левица – 2 мандати, ДПТ – 2 мандати и Граѓанска иницијатива, Грин 1 мандат.
Во новиот состав на Советот ќе бидат следните советници: Гордана Здравкоска, Герасим Конзулов, Гоце Дединец, Горан Ѓоргиев, Љупка Трајкова, Симона Цветаноски, Селман Јусуфов, Светлана Василева, Коце Иродов, Офелија Илиева, Илија Сусинов, Ванчо Ристов, Сара Томов, Ѓорѓе Бораниев, Сулиман Јашар, Еџе Омерова, Драги Ѓоргиев, Камелија Јанева и Татјана Ѓозева.
Почивалец побара во текот на оваа недела да се одржи и конститутивна седница, со цел да се започне веднаш со работа бидејќи претстојат значајни културни и спортски активности во овој период, како што се одржување на Манифестацијата „Самун ем татлија“, Шестономевриски турнир по повод одблежување на 6-ти Ноември и Караманови поетски средби.