Connect with us

Радовиш

Ристе Спасов од Радовиш: Време е за урбана општина со затворен базен, градинка, зеленило

Media Press

Објавено на

-Радовиш заслужува многу повеќе од изгубените четири години во кои власта ветуваше големи проекти, а не добивме ништо освен повисоки сметки, порача од Радовиш кандидатот за градоначалник на СДСМ, Ристо Спасов на одржаниот народен собир во Радовиш на кој беше претставена неговата програма и кандидатите за Советничка листа од СДСМ и коалицијата.

Тој потсети на сите лаги и неисполнети ветувања од страна на ВМРО-ДПМНЕ:

„Што сè не нè излажаа?! Нема бесплатен оброк за секое дете од одделенска настава. Ветените детски градинки во 5-та урбана заедница и во село Злеово не се ни започнати. Сите населени места се запуштени, без разлика дали се со македонско или турско население. Еден камен нема фрлено таму. Од најавуваниот рекреативен центар ‘Канлиева воденица’ остана само празна ливада“, рече Спасов.

Тој ја побара поддршката од граѓаните и ја претстави визијата и програмата за развој на Општина Радовиш.

Во неговата визија за модерен град предвидено е до крајот на 2027 година да се изгради затворен базен за спорт и рекреација.

„До крајот на 2028 година ќе се реши проблемот со отпадот преку формирање на регионална депонија. Ќе се изгради и нова детска градинка во 5-та урбана заедница. Дополнително, ќе се создадат нови зелени површини и велосипедски патеки, како и можност за годишни ваучери за купување велосипеди.

Ќе се подобри инфраструктурата во градот, но и во сите населени места на територијата на општината. Ќе има поголема поддршка за образованието, со воведување на парична помош за првачиња и средношколци. Ќе се поддржи спортот преку конкретни мерки и соработка со локалните клубови и спортисти. Посебно внимание ќе се посвети и на здруженијата на пензионери, како и на децата со посебни потреби, за кои ќе има континуирана поддршка.

Општина Радовиш ќе биде место каде што секој ќе се чувствува свој. Ние ќе бидеме достапни, а Општината ќе биде отворена за сите граѓани. На 19 октомври, да го дадеме гласот за број 5“, порача кандидатот за градоначалник на СДСМ во Радовиш, Ристо Спасов.

прикажи повеќе

Радовиш

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Media Press

Published

на

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков Мисирков, во ОНБ „Браќа Миладиновци“ – Радовиш, се одржа научна трибина посветена на неговиот живот, дело и визија.

Трибината беше организирана од библиотеката „Браќа Миладиновци“ , во соработка со Комисијата за култура, образование и спорт на општина Радовиш.

На темата „Мисирков и неговата визија за македонската иднина“ говореа проф. д-р Елка Јачева-Улчар и проф. Јовица Илиќ, кои преку своите излагања го доближија ликот и делото на Крсте Петков Мисирков пред присутните. Модератор на настанот беше Гордана Здравкоска која со професионален пристап, внесе јасност и динамика на настанот.

Преку внимателно осмислените воведувања, промислените прашања и умешното поврзување на излагањата, таа овозможи темата да биде осветлена од различни аспекти, а мислата на Мисирков да се согледа во нејзината историска, јазична и национална длабочина.

Оваа средба имаше и посебна историска симболика. Се одржа непосредно пред 18 ноември, денот на раѓањето на Мисирков во 1874 година, а во годината кога се навршуваат 100 години од неговата смрт (26 јули 1926 година).

Во топла и пријатна атмосфера, исполнета со почит кон македонското историско и културно наследство, трибината обедини гости, пријатели и колеги македонисти во заедничко чествување на личноста чии идеи оставиле длабока и трајна трага во македонската историја.

Прочитај повеќе

Радовиш

Кривична пријава за „фалсификување службена исправа“ против двајца полициски службеници од ОВР Радовиш

Media Press

Published

на

СВР Струмица-ОВР Радовиш, до ОЈО ГОКК, поднесе кривична пријава против Б.Ч.(31) од село Конче, радовишко, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување службена исправа“ по член 361 и против Б.Б.(38) од Радовиш дека сторил кривично дело „соизвршителство“ по член 22, а во врска со „фалсификување службена исправа“ од Кривичниот законик.
На 13.10.2026, пријавените,  полициски службеници од ОВР Радовиш, изготвиле и приложиле службен извештај со невистинити податоци. Имено, по завршување на службената задача која им била доделена, подготвиле извештај во кој навеле период од смената во кој не постапувале по наредбата, а во делот за контролирани возила внеле податок дека имаат извршено контрола над седум возила. Таквиот извештај бил потпишан од одговорниот полициски службеник, првопријавниот Б.Ч.. Во прилог на писмениот извештај доставиле табеларен преглед во кој имале внесено податоци за контролирани возила со марка, регистарски ознаки и лице кое го управувало, а времето на контрола кај дел од возилата било во период за кој претходно сами писмено во извештајот навеле дека не постапувале по задачи од наредбата. Од дополнително преземените мерки и извршени разговори со лицата наведени како возачи е утврдено дека на тој датум не биле запрени и контролирани од полициски службеници. 

Прочитај повеќе

Радовиш

АХВ со вонредни контроли во месарниците – во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо

Media Press

Published

на

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вчера, спроведоа вонредни инспекциски контроли во малопродажни објекти за месо, подготовки и преработки од месо на подрачјето на Општина Радовиш и кај физичко лице во неготинското село Пепелиште, кое произведувало и преку социјалните мрежи продавало димени месни производи и чварки.

При контролите во Радовиш одземени се околу 2 тони небезбедно свежо и замрзнато месо и подготовки од месо, кои денес ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“.

Во Пепелиште, од физичко лице кое вршело неодобрена дејност од страна на Агенцијата – производство на димени месни производи и чварки, одземени се дополнителни 50 килограми подготовки од месо (печеница, кулен, димена сланина и сл).

Одземените производи се без декларација за потеклото и биле чувани и преработувани во несоодветни и нехигиенски услови, што претставува сериозен ризик за безбедноста на храната и здравјето на потрошувачите.

Надлежните институции продолжуваат со спроведување на инспекциски контроли со цел заштита на здравјето на граѓаните и спречување на нелегално производство и промет на небезбедна храна.

Прочитај повеќе