Струмица

Филипче од Струмица: СДСМ се враќа и СДСМ ќе победи!


Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, вечерва од големиот митинг во Струмица „Се бориме за нашиот дом“, ја испрати најсилната порака, дека партијата се враќа и ќе победи. 
„Од тука тргнаа политичари кои ја менуваа државата. Од тука тргнаа политики кои носеа развој, правда и слобода. Од тука секогаш се раѓала надежта. Затоа од овде, од овој плоштад, ќе ја испратиме најсилната порака: СДСМ се враќа! И СДСМ ќе победи!“, порача Филипче.


Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, исто така рече дека струмичани секогаш биле тука кога било потребно да се донесат клучните одлуки за државата.
„Струмичани секогаш стоеле исправено и обединето кога било потребно. Кога Македонија имала потреба од силен и  одлучен чекор за борба против ненародната власт на ВМРО-ДПМНЕ. И сега повторно Струмица е на нивото на задачата. Струмица е симбол на отпор. Симбол на напредок и симбол на победи. Вечерва гледам очи полни одлучност. Гледам народ што знае кому да му верува. Затоа што во Струмица не поминуваат лагите и манипулациите на власта. Струмица препознава работа и визија. Препознава чесен труд затоа што е град на трудољубиви луѓе“, рече Филипче пред струмичани.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago