Струмица

Николовски од Струмица: Планираме изградба на експресен пат од Радовиш до Струмица

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, кој беше дела од Бизнис форумот во Струмица, најави значаен инфраструктурен проект кој ќе ја подобри сообраќајната поврзаност и ќе го поттикне економскиот развој во Југоисточниот регион.

„Преку министерството за транспорт планираме изградба на експресен пат од Радовиш до Струмица, како и експресен пат кој ќе ја поврзе Струмица, преку Валандово со коридорот 10.

Изградбата на овој експресен пат ќе биде од клучно значење за побрз транспорт, подобра безбедност во сообраќајот и поголема поврзаност меѓу општините во регионот“, истакна Николоски.

Со реализацијата на овој проект, Струмица и Радовиш ќе добијат современа патна инфраструктура која ќе овозможи побрз проток на стоки, услуги и патници, а целиот регион ќе стане поатрактивен за инвеститори и туристи.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago