Регион

Се почесто полицијата открива марихуана кај млади лица, претрес во Струмица, лишено од слобода едно лице, приведени лица и во Радовиш

Како тоа дрогата стана секојдневие за младите во државата и кој ја пушта во оптек? Се само дел од прашањата кои си ги поставуваат граѓаните, читајќи го билтенот од МВР каде секојдневно има информации за пронајдена марихуана, или друг вид на дрога кај млади лица, приведени дилери на дрога и слични наслови.

Претрес во Струмица, пронајдена марихуана, лишено од слобода едно лице.

Нa 07.10.2025 во 17:10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода А.М.(30) од Струмица. Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени околу 300 грама марихуана, едно засадено стебло канабис, повеќе различни пакувања со марихуана и предмети со остатоци од марихуана. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против А.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 06.10.2025 во 23:50 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода М.С.(28), Л.Д.(27) и Д.Н.(29), сите од Радовиш. При преглед на патничко возило „фолксваген пасат“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од М.С., а сопатници биле Л.Д. и Д.Н., е пронајдена марихуана. Лицата се задржани во Полициската станица Радовиш, за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago