Босилово

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Ристо Манчев, кандидат за градоначалник за општина Босилово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашниот митинг одржан во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година, во Босилово, обраќајќи се кон присутните истакна дека изминатите четири години се доказ дека општина Босилово стана симбол за посветена работа и труд, отворено градилиште и симбол за заедништво и соработка со граѓаните. Тој се осврна на ветените и реализирани проекти од изминатите четири години управување со општината Босилово.

„Постигнавме најголем напредок во областа на изградбата на локалната патна инфраструктура го изградивме локалниот пат од Турново кон Иловица и Штука, од Босилово кон Еднокуќево, од Бориево кон Колешино, од Робовски пат кон Муртино, го проширивме патот од Дрвош кон Хамзалии, започнавме со реконструкција на локалниот пат од Турново кон Бориево, а задутре започнува и реконструкцијата на локалниот пат  Турново – Радово. Во изминатите 4 години изградивме околу 40 улици. Се реконструираше училиштето во Иловица и Секирник, моментално се работи во Еднокуќево, а во наредните четири години ќе ги реконструираме и училиштата во Босилово, Турново, Сарај и други места. Започнавме со изградба на фекална канализација, изградивме 4 бетонски одводни канали, 6 повеќенаменски спортски игралишта, тротоари, пешачки патеки“.

Манчев, во продолжението од своето обраќање ги посочи и проектите предвидени во програмата за општина Босилово за наредните четири години, при што напомена дека истата е реална и остварлива, креирана со визија и идеи кои значат решенија и проекти од сите области во сите населени места во општина Босилово.

„Ќе продолжиме да градиме улици и патишта. Ќе продолжиме со изградба на одводни канали и фекална канализација во Моноспитово, Босилово и другите населени места, ќе отвориме уште две детски градинки, ќе направиме модерни повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места, ќе ја унапредиме работата на комуналното претпријатие и конечно ќе ги изградиме долгоочекуваните водоводи во најкритичните населени места. Почнуваме со изградба на водовод во Иловица, Штука, Дрвош и Гечерлија. Денес имаме општина без долгови, општина со поддршка на централната власт и затоа знам, верувам и убеден сум дека општина Босилово ќе продолжи да се гради.“

На крајот, Манчев ги повика граѓаните на општина Босилово на 19 октомври да го заокружат бројот 9 за градоначалник и бројот 9 за листата на советници на ВМРО- ДПМНЕ.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago