Ново Село

Божинов: Алтернативно водоснабдување за Ново Село и Самоилово со нов довод за чиста вода за пиење и покривање на пазарот во Ново Село

Кандидатот за градоначалник за општина Ново Село од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, Ѓорѓе Божинов, на вчерашниот митинг одржан во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати кон присутните и истакна дека општина Ново Село изминатите четири години ја карактеризираа низа успешно реализирани проекти, фокусирајќи се на целите за наредните четири години за општина Ново Село т.е. програмата која посочи дека е креирана во согласност со потребите на граѓаните, а во насока на решавање на нивните најгорливи проблеми.

„Модернизација на инфраструктурата каде се предвидени асфалтирања на над 35 улици во целата општина од кои само 12 се во Ново Село. Меѓу најприоритетните проекти ќе биде обезбедувањето на алтернативно водоснабдување за Ново Село и Самоилово, со што ќе се обезбеди нов довод за чиста вода за пиење. Покривањето на пазарот во Ново Село со метална конструкција, изградбата на мегапаркот и зеленилото кај спортскиот комплекс „Христо Татарчев“. Ќе ги поддржиме иновациите, претприемништвото создавајќи подобри услови за инвестирање и водење бизнис“.

Божинов, во продолжение од своето обраќање се осврна и на проектите кои значат континуитет во инвестициите во образованието како реконструкција на повеќе училишта, изградба на спортска сала во Колешино, детски рекреативен центар во Старо Коњарево, јакнење на капацитетите во туризмот преку креирање на туристички водич за природните убавини на општина Ново Село. Во делот на социјалната и здравствената заштита посочи на предвидениот бесплатен логопедски третман за деца и бесплатниот оброк за ученици од социјално ранливите категории од прво до петто одделение, како и на изградбата на домот за стари лица.

„Предвидени се реконструкции на повеќе училишта, изградба на спортска сала во Колешино. Изградба на детски рекреативен центар во Старо Коњарево со спортски терени и сместувачки капацитети на местото на старата караула. Изградба и опремување на иновативен тренинг центар за основните училишта во  Ново Село и Колешино. Ќе креираме туристички водич за природните потенцијали на нашата општина,а предвидена е и изградба и на нова пешачка и рекреативна патека од Колешино до Мокринските Извори, со мојот тим сплотено и изречно сме против рудници и против било какви загадувачи на територијата на општина Ново Село. Воведуваме бесплатен логопедски третман за деца и бесплатен оброк за ученици од социјално ранливи категории од прво до петто одделение. Реализација на проектот „Нега во домот“ и лична асистенција на лица со попреченост. Поранешната касарна во Ново Село ќе биде дадена под концесија за изградба на дом за стари лица. Пристапни рампи ќе бидат поставени на сите државни институции и главни сообраќајници“, рече Божинов.

На крај, Божинов ги повика граѓаните на општина Ново Село на 19 октомври да го направат вистинскиот избор, да го заокружат бројот 9 за градоначалник и бројот 9 за листата на советници на ВМРО-ДПМНЕ, за општина Ново Село да продолжи по патот на развојот и просперитетот.


Media Press

Автор на инфорамцијата

Share
Published by
Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago